Регион
Црна Гора очекува покана за НАТО на 1 декември
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/cg-2.jpg)
Црногорската влада очекува министрите за надворешни работи на 28 држави членки на НАТО, на состанокот на 1 и 2 декември во Брисел, да донесат одлука за упатување на покана на Црна Гора за членство во Алијансата.
Подгоричкиот весник Побједа наведува дека уште на првиот ден од собирот ќе биде познато дали шефовите на дипломатиите ќе постигнат консензус и ќе ја повикаат Црна Гора да влезе во НАТО.
За останатите теми, меѓу кои и за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, ќе се разговара еден ден подоцна.
Како што проценуваат во Подгорица, Црна Гора има поддршка од сите клучни членки на Алијансата, вклучително и САД и Велика Британија, со исклучок на Франција која се уште се нема директно изјаснето.
Подготвувајќи се за состанокот во декември, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг престојуваше заедно со 28-те амбасадори на Северноатлантскиот совет (NAC) во Подгорица, каде се запознаа со напредокот во клучните подрачја.
Во таа пригода челникот на Алијансата изјави дека Црна Гора остари значителен напредок во реформите, особено во подрачјето на владеењето на правото и дека „пристапувањето на Црна Гора во северноатлантското семејство ќе биде добивка и за Црна Гора и за НАТО“.
Според најновото истражување на агенцијата Дамар, членство во НАТО поддржуваат 45 отсто од жителите на Црна Гора, додека 37 се против. /крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-11-115215.jpg)
Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не дејствувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на татко ѝ“, вели Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот, за „Прототема“.
Во текот на прелиминарната истрага 34-годишната жена тврдела дека по расправијата што ја имала со својот партнер, тој паднал, си ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде што минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејства што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.
Регион
(Видео) Еди Рама пцуеше и удираше на масата во интервју емитувано во живо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/edi-rama-nervozen.jpg)
Еди Рама, албанскиот премиер, луто одговори на прашања на социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Тирана, негов близок соработник.
Албанскиот премиер изјави дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, тој нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју емитувано во живо на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Велијај, побрзаа да побараат негова оставка, пишува „Евроњуз на албански јазик“.
Edi Rama has a complete meltdown during a live broadcast. pic.twitter.com/XeHCBBs7kw
— Admirim (@admirim) February 11, 2025
Во еден момент Рама удри со раката на масата и пцуеше на англиски јазик.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Понатаму изјави дека за ова прашање ќе формира отворена јавна комисија.
„Од која причина да поднесам оставка? Ќе се справиме со ова прашање внимателно, ќе формираме отворена јавна комисија доколку е потребно“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство, а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал ѝ одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа и нареди претреси во станот што наводно го користела.
Регион
Рама: Заборавете на мојата оставка, само срцето или народот ќе ме отстрани од политиката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/677z381_677z381_73-6707e814b7b98.jpg)
Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, нема да поднесе оставка и дека само срцето или народот може да го тргнат од политиката.
Тој во видеоинтервју на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници по апсењето на Велијај побрзале да побараат оставка, пишува на албанскиот „Евроњуз“.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат откако влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно бргу за да ме разбуди наутро или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство (СПАК), а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организирниот криминал (ЃККО) ѝ одреди домашен притвор на неговата сопруга Ајоли Џоџи и нареди претрес во станот што го користеше.