Спорт
Мустафи: Не сум вториот најлош дефанзивец на светот

Дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи, реагира на тврдењето дека е втор најлош одбранбен фудбалер на светот.
27-годишниот Германец во избор на шпанскиот весник „Марка“ во анкета на над 150.000 луѓе беше избран за втор најлош дефанзивец зад Фил Џонс од Манчестер јунајтед. Мустафи признава дека последната година неговата форма не е најдобра, но вели дека гласањето не влијае на него.
„Во првите две години од трансферот во Арсенал во 2016 работите одеа многу добро за мене. Но, околу Божик во 2018 имаше мали проблеми, направив неколку грешки и медиумите направија помпа каква што не сум искусил“, вели Мустафи во интервју за „Дер шпигел“.
Еден меч особено беше кошмарен за Мустафи – 5:1 поразот од Ливерпул во декември 2018. Тој вели дека не бил подготвен за игра, но решил да му помогне на менаџерот Унаи Емери.
„Тогаш пропуштив три недели поради повреда и влегов во мечот без тренинг бидејќи му требав на тренерот. На полувремето беше 4:1, имав неколку лоши моменти и повторно се повредив. Потоа добив неверојатно многу негативни коментари од навивачите на Арсенал на ‘Твитер’. Можам да се справам со критиките, но сега тие прераснаа во нереални забелешки, станав цел на навивачите и на медиумите. Имаше меч во кој не играв, а ме обвинуваа за поразот. Но, јас сум ментално силен и сфатив дека коментарите на социјалните мрежи немаат врска со спортот, туку само да се дискредитира фудбалерот. Тоа што е на интернет никогаш нема да исчезне и се плашам дека тоа ќе влијае на моите деца“, открива Мустафи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ромеро: Никогаш не сакав да го напуштам Тотенхем

Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем.
Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен.
Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп и има асистенција во Премиер лигата.
„Никогаш не реков дека сакам да го напуштам клубот. Ништо такво не дојде од мене. Важно е што велат тренерот и претседателот. Многу сум среќен тука, ова ми е како семејство. Го сакам тренерот, го сакам неговиот стил и начинот на кој тренира. Секогаш можеме да подобриме некои работи, но мислам дека сите тука на сите нивоа работат добро за да напредуваме“, рече Ромеро, објави специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Тотенхем игра во Лигата на шампионите оваа сезона, откако ја освои Лигата на Европа минатата сезона. Во првиот натпревар, Тотенхем ќе го пречека Виљареал вечерва во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Матео Францозо (25) почина во Чиле

Италијанскиот скијач Матео Францозо трагично го загуби животот еден ден пред неговиот 26-ти роденден откако падна за време на тренинг во Чиле.
Несреќата се случи два дена претходно на патеката во Ла Парва, од каде што беше префрлен со хеликоптер во Сантијаго, главниот град на јужноамериканската земја.
Момчето од Џенова помина два дена во индуцирана кома пред лекарите да го прогласат за мртов. Немаше начин да се спаси по бројните и тешки повреди на главата.
Францозо се натпреваруваше во најопасните дисциплини на алпско скијање – спуст и супер велеслалом.
Во својата кариера, тој забележа една победа во Европскиот куп, во супер велеслалом во Чинал, Швајцарија, додека две години подоцна стана шампион на Италија во алпска комбинација.
Двапати заврши меѓу првите 30 на трките од Светскиот куп – беше 28-ми во 2023 година во Кортина д’Ампецо и минатиот февруари во Кранс-Монтана, Швајцарија, каде што заврши 30-ти – двата пати во супер велеслалом.
Скијачкиот свет се збогува со Матео. Во соопштението на Светската скијачка федерација се огласија бројни скијачи од самиот светски врв.
„Моите мисли и емоции се со семејството на Матео, пријателите, тимот и целата наша заедница“, напиша Микаела Шифрин, а слични коментари оставија и Феликс Нојретер, Кјетл Јансруд, Александар Амодт Килде, Марко Шварц, Дидие Куше, Аксел Лунд Свиндал…
Но, покрај изразувањето сочувство, многу стручњаци и фанови повикуваат на зголемена безбедност.
„Оваа трагедија сега бара достоинствено молчење поради тагата на неговото семејство, пријателите и колегите во големото скијачко семејство. Сепак ќе биде потребно посилно да се справиме со прашањето за безбедноста, патеките со несериозна заштита или со лошо одржување. Сериозни проценки, одлуки, акции. Нека сеќавањето на Матео, кој утре ќе наполнеше 26 години, биде поттик за спречување на други слични трагедии“, рече италијанската новинарка Лиа Капици.
Спорт
Арсенал без капитенот во Шпанија

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата.
„Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“.
Одегар го напушти натпреварот во 17-та минута откако падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.
Ни Одегар ниту Букајо Сака, кој има проблеми со повреда на тетивата, не тренираа со тимот пред мечот во Билбао.
Сака се повреди против Лидс на 23 август и ги пропушти последните два натпревари, а Артета рече дека нема информации за враќањето на англискиот репрезентативец во составот.
„Мислам дека сè уште има многу работи што треба да се поминат. Прерано е да се знае за кој натпревар ќе биде достапен, но сигурно ќе се обиде да го направи што е можно поскоро“, додаде шпанскиот тренер.
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијамс Салиба, кој го пропушти натпреварот против Форест, тренираше со соиграчите. денес.
Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик ќе се игра во вечерва во 18:45 часот во Билбао.