Контакт

Македонија

(Видео) Шарец: Верувам дека ќе надвладее мислата дека Северна Македонија е зрела за почеток на преговорите

Објавено пред

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец по билатералната средба со премиерот Заев, на прес конференција изрази силна пријателска и партнерска поддршка од Република Словенија за евроатлантските интеграции на нашата држава и верба дека е достижно членството на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

dobivaj vesti na viber

„Верувам дека ќе надвладее мислата дека Северна Македонија е зрела за почеток на преговорите“, одговори Шарец на новинарското прашање да ги прецизира неговите очекувања за одлуката на европските лидери.

Шарец оцени дека нашата држава заслужува одлука за почеток на преговорите во октомври, при тоа посочувајки ги како важни постигнувања Договорот од Преспа, договорот со Бугарија, системските реформи направени во државава, што за словенечкиот премиер се одраз на желба, храброст, решеност за стабилност, безбедност, успех, демократска иднина.

„Се надеваме дека Македонија во октомври ќе почне со преговорите за влегувањето во Европската Унија. Тоа е нашиот заеднички проект, бидејќи Словенија многу и помогна на Северна Македонија на тој пат и се разбира ќе помогнеме пак, бидејќи сакаме Западниот Балкан да стане дел од ЕУ, и тоа е убедување кое што го споделивме и со премиерот Заев“.

За премиерот Шарец, ваквиот октомвриски исход ќе значи признание за Северна Македонија „за неоспорните резултати за реорганизацијата на законодавството“.

„Сакам да бидам јасен и да кажам дека очекувањата на Северна Македонија се големи и заслужени. Преговорите ќе бидат долги, но треба да започнеме“, рече премиерот тој, потенцирајќи дека „почетокот значи половина од завршен пат“.

„Треба да се почне и тој почеток го чекаме сите. И ние во Словенија ќе помогнеме, како што сме помагале досега. Делуваме со полна пареа на сите подрачја, клучот за решението е на страната на ЕУ, но ќе се залагаме. Тоа е мојата денешна порака, дека сме пријатели, дека сме партнери и дека нема во тие заложби да попуштаме, иако има пречки, тоа нема да го правиме затоа што е лесно, туку затоа што е тешко“, рече меѓу другото на прес-конференцијата, премиерот на Република Словенија, Шарец, кој изрази надеж за скорешно членство на нашата држава во НАТО, а го поздрави и моделот на заедништво во земјава, како пример во регионот.

Претседателот на Владата на Република Севрена Македонија, Заев оцени дека Словенија претставува и наш голем економски стратешки партнер.

„Минатиот пат се вративме од Љубљана со веста дека компанијата Таб-Мак во Пробиштип ги проширува капацитетите со нова инвестиција вредна 25 милиони евра и со нови 100 работни места за нашите граѓани. Република Словенија е петти најголем инвеститор во нашата земја, со вкупен прилив од 375.9 милиони евра на странски директни инвестиции.
Бројките покажуваат добар тренд на интензивирање на нашата економска соработка, а јас сум силно уверен дека имаме капацитет уште посилно да соработуваме и да го зајакнуваме нашето економско и политичко партнерство, што ќе донесе придобивки за граѓаните и бизнисите од двете земји“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека пријателството со Словенија е докажано и во потешки времиња, како мигрантската криза во 2015 година, кога „нашите пријатели од Словенија, од Австрија и земјите од Вишеградската група, ни пружија драгоцена помош“.

И двајцата премиери оценија дека околу прашањето за мигрантската криза треба да се делува заеднички и низ дијалог и дека очекуваат на тој начин справување и со можните нови предизвици на овој план.

Премиерот Шарец, за пречките низ преговарачкиот процес рече дека ги имала и Словенија, но дека со многу напори, се решаваат. „Ако некој е способен да постигне договор, тоа е премиерот Заев“, оцени премиерот Шарец.

Премиерот Заев го повтори очекувањето дека Бугарија ќе биде меѓу најгласните поддржувачи за позитивна одлука и почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ, како и за решавање на постоечките предизвици, како и досега, низ дијалог и пријателство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

dobivaj vesti na viber

„Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи. ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со којашто беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси“, кажа на прес-конференција, Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој накусо ја презентираше Резолуцијата.

„Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување. Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат“, истакна Мицевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

Објавено пред

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите исплати: нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно, нема ни за поврат на ДДВ. Дупката изнесува најмалку 1 милијарда евра“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Како што истакна Димитријевиќ, „власта не се грижи за граѓаните, се грижи само за себе, за бизнисите со наместени тендери, за криминалот и за пумпањето пари од буџетот очајно им треба свеж кеш“.

„Затоа ја продаваат Македонија. Затоа прифатиле мигранти во пакет со кредити од 6 милијарди евра. Паралелно, ВМРО-ДПМНЕ спроведува намерна изолација и ја држи Македонија надвор од ЕУ. Не за заштита на националните интереси, туку за свесно оддалечување од Европа. Изолацијата е стратегија. Без ЕУ, без европски контроли и без европско правосудство – полесно се краде и нема одговорност за никојМакедонија сакаат да ја претворат во црна точка на Европа“, вели тој.

Димитријевиќ рече дека „27 земји членки на Советот на Европа јавно бараат ревизија на Европската конвенција за да се олесни депортацијата на мигранти“.

„Каде ќе одат тие луѓе? Во земји надвор од ЕУ – како Македонија. Доколку во Македонија се донесат мигранти осудени за сериозни кривични дела, тоа ќе значи директна закана по безбедноста на државата. Во исто време, тоа целосно ќе го закочи европскиот пат, затоа што со евентуален влез во ЕУ повторно би се отвориле вратите кон Унијата – нешто што европските земји сакаат да го спречат. Затоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара Македонија да остане изолирана. Ова е нивниот „win-win“ :Британија депортира мигранти за пари, а ДПМНЕ добива изолирана држава во која непречено продолжува кражбата. Губитници се само граѓаните и иднината на Македонија“, потенцира генералниот секретар на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Објавено пред

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.

dobivaj vesti na viber

Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.

Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ предлага Резолуција за осуда на дезинформациите за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ денеска претстави „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“. „Во изминатите...

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Власта носи мигранти за пари

„Во буџетот нема пари. За првпат во историјата, утре – 15 декември – се затвора Трезорот. Државата доцни со сите...

Топ4 часа

Oбвинителство: За насилство во училиште во Сарај, побарана судска постапка спрема пет деца

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка за...

Македонија4 часа

АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил...

Свет5 часа

(Видео) Пукање на универзитет во САД – има загинати и повредени, напаѓачот е во бегство

Најмалку две лица се убиени, а девет се повредени во вооружен напад што се случи во саботата попладне на кампусот...

Забава18 часа

(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“

Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место,...

Македонија22 часа

Ахмети од протестот на плоштадот „Скендербег“: Процесот во Хаг треба да заврши со ослободителна пресуда

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се обрати на протестот што се одржа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, организиран во...

Македонија1 ден

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска, е избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија. Како што...

Македонија1 ден

(Видео) Жената во Гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка, покажа обдукцијата

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа...

Македонија1 ден

Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за обврските на Израел

Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуцијата што се однесува на обврските на Израел...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се претставува како противник на мигрантите, а во 2018 туркал камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека јавно настапува како противник на мигрантите, додека за време на...

Македонија1 ден

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Собранието, а не општините, мора да одлучува за прашањето со мигрантите, соопшти денеска СДСМ, оценувајќи дека премиерот Христијан Мицкоски со...

Свет1 ден

Трамп, Бил Клинтон, Бил Гејтс се појавија на новите фотографии со Епштајн, претседателот се оградува: „Не знам ништо за тоа“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека не знае ништо за најновите фотографии поврзани со Џефри Епштајн, одговарајќи на новинарско...

Свет2 дена

ЕУ ја потврди одлуката за замрзнување на руските средства на неопределено време

Денес, Европската унија ја потврди одлуката за замрзнување на средствата на руските централни банки лоцирани во Европа на неопределено време....

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја најави долгоочекуваната реализација на проектот за новиот Луна Парк, значајна инвестиција што...

Македонија2 дена

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека ќе нема мигрантски кампови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговори на новинарско прашање во однос на се позачестените иницијативи по советите во општините во...

Топ2 дена

Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода

Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие. Според информациите од...

Македонија2 дена

Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од...

Македонија2 дена

(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“

Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Овој чин...

Топ2 дена

84-годишник се обидел да убие жена во хотел во Куманово, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело –...