Регион
Бебе почина од инфекција добиена во болница во Бело Поле, друго критично
Едно бебе почина како последица од инфекција со бактерија којашто, како што постои сомнеж, ја добила во болница во црногорскиот град Бело Поле. Во болницата во Подгорица префрлени се уште четири бебиња кои биле родени во Бело Поле, а состојбата на едно од бебињата критична.
Министерот за здравство на Црна Гора, Миодраг Радуновиќ на вонредната прес – конференција во неделата соопшти дека едно бебе е во животна опасност, додека здравјето на другите три инфицирани бебиња е стабилно.Тој претходно изјави дека неспорна е одговорноста за инфекцијата во болницата во Бело Поле, додека директорот на Институтот за јавно здравје Бобан Мугош објасни дека бактериите се појавиле во организмите на бебињата, бидејќи не биле почитувани мерките и процедурите.Радуновиќ потврди дека се смените началниците на одделите за Гинекологија и Неонатологија, како и главната медицинска сестра во Гинеколошкото одделение во болницата во Бело Поле.Гинеколошко-акушерското одделение во Бело Поле е затворено, додека сите родилки ќе бидат префрлени во болницата во Беране, 36 километри оддалечна од овој град. Министерот најави утврдување на одговорност за инфекцијата во породилиштето.Директорот на локалната болница Томислав Јеремиќ оцени дека е очигледно дека претходно не се работело како што треба и констатирани се пропусти во хигиената и режим на посета во породилиштето.„Одговорност имаат сите, вклучувајќи ме и мене. Имало пропусти. Ќе има одговорност и за началниците и за мене“, изјави Јеремиќ.Таткото на починатото бебе изјавил дека лекарите не му ја соопштиле причината за смртта на бебето, тврди дека бебето починало од сепса и бара да се утврди вината.Црногорското државно обвинителство отвори истрага за случајот со инфекциите кај бебињата. Оттаму соопштија дека врховниот државен обвинител Ивица Станковиќ контактирал со колегите во Бело Поле за да расветлат сите околности до крај.Обвинителството во Бело Поле во најкраток рок ќе ги испита случувањата и ќе утврди евентуална одговорност.Невладините организации за во понеделник најавија протест пред Министерството за здравство во Подгорица поради состојбата во породилиштата во Црна Гора./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.