Контакт

Популарно

Хамилтон: Розберг намерно удри во мене

Објавено пред

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјавил дека неговиот колега Нико Розберг, признал дека со намера удрил во него на трката за Големата награда на Белгија.

dobivaj vesti na viber

Розберг кој ја имаше пол позицијата, првото место го загуби токму од Хамилтон уште во првиот свиок, а во вториот круг на патеката Спа Франкошамп, тој удри во болидот на својот колега. Од контактот на болидот на Хамилтон пукна левиот заден пневматик, поради што Британецот остана без шанси да се бори за висок пласман.

 

Инцидентот изгледаше како тркачки, но Хамилтон го тврди спротивното, односно дека Розберг признал дека контактот не бил случаен.

 

„На состанокот кој го имавме по трката, тој практично призна дека намерно удрил во мене, рече дека можел да го избегне контактот. Рече: „Удрив во теба а да докажам дека сум во право“, токму тоа го кажа. Не мора мене да ми верувате, но прашајте ги Тот, Педи и останатите од тимот кои не се задоволни од неговата постапка. Ќе мора него да го прашате што сакаше да докаже. А кога дојде на состанокот реќе дека јас сум виновен“, им изјавил Хамилтон на новинарите.

 

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рекол дека Мерцедес ќе мора да воведе тимски наредби, додека Хамилтон дополнил дека не знае како тимот ќе се избори со новонастанатат ситуација.

 

„Не треба да напаѓате со нож во забите уште во вториот круг и на тој начин да ги оштетите двата болиди“, рекол Волф.

 

„Работите се едноставни, целосно неприфатливо е Нико во вториот круг да удри во болидот на Луис. Тоа едноставно е неприфатливо“, Изјавил Ники Лауда

 

Инаку, Нико Розберг, кој трката во Белгија ја заврши на второто место, беше исвиркан на подиумот и додека ја даваше првата изјава по трката.

 

По 12 трки Розберг е лидер во вкупниот пласман со 220 бодиви, 29 повеќе од Хамилтон. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Првпат по несреќата ќе се појави во јавност: Шумахер ќе присуствува на свадбата на ќерка му?

Објавено пред

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, кој имаше тешка несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, по тој кобен ден за прв пат можеби ќе се појави во јавноста, јавуваат многу релевантни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Неговата ќерка Џина-Марија Шумахер треба да се омажи за својот избраник Јан Бетке, а венчавката е планирана за лето. Точниот датум се крие од јавноста, но она што е познато е дека прославата ќе се одржи на имотот на Шумахер во Мајорка.

Станува збор за имотот што сопругата на Михаел, Корина го купи во 2018 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Таа го преуредила така што во дворот на вилата има мала приватна клиника, па лекарите можат постојано да ја следат состојбата на Шумахер. Според информациите на некои медиуми, поранешниот шампион е таму, па не би имало потреба да се транспортира некаде за да присуствува на свадбата.

„Покрај неговото семејство, за Шумахер постојано се грижи тим од околу 15 лекари и медицински сестри. Претпоставката е дека тој веќе е во Мајорка и би можел да присуствува на венчавката. Секако, нема потврда и веројатно има нема да има до тој ден. Ќе има силни безбедносни мерки, тешко дека нешто од ова ќе протече во јавноста. Ова би било прв пат по несреќата Шумахер да се појави во јавноста“, пишува „Кориере дела сера“.

Легендарниот Германец се повреди пред точно десет години. На тој ден никој не можеше ни да замисли колку е сериозна несреќата. За сите овие години во јавноста стигнаа само малку информации за него, бидејќи неговата сопруга Корина ја крие вистинската состојба. Тој не знае дали може да врши некои, дури и основни функции како што се движење на очите или е сосема неподвижен.

Пред извесно време информација за Шумахер сподели неговиот поранешен колега Џони Херберт.

– Од време на време слушам некои работи… Да речеме, слушнав од некои луѓе од Формула 1 дека Шумахер седи на трпезариска маса за време на вечерата, но не знам дали е вистина, можам само да читам помеѓу редови. Секој би сакал да знае што се случува, особено ако работите одат во позитивна насока. Но, бидејќи немаме никакви информации, можеме само да претпоставиме дека се уште нема знаци дека е можно закрепнување. Ми се чини дека нема напредок во однос на денот на несреќата и претпоставувам дека семејството чека научниците да смислат нешто – изјави тогаш Херберт.

Прикажи повеќе...

Популарно

Британски новинар се покаја за се што рекол: Новак, извини, не знам кај ми беше умот!

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ доби извинување од „стручњакот“ кој го предвиде неговиот колапс во 2023 година. Денеска е број еден во светот, а од понеделник ќе ја помине својата 400-та недела на врвот на АТП листата.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без сомнение е најдобриот тенисер на сите времиња, особено ако се земе предвид дека речиси целата своја кариера ја помина „борејќи се со медиумите“ за корист во ерата на Роџер Федерер и Рафаел Надал. Ова особено се однесува на оние од Англија и САД, само Ѓоковиќ знае низ што морал да помине, но се чини дека на крајот сите ќе мора да „свртат опаш“ и да се извинат за очајната проценка, навредите, таргетирањето…

Меѓу нив е и англискиот новинар и колумнист Сајмон Бригс, кој многу пати „грешил“ за Новак. Дури и да ја игнорираме целата повраќаница, само ќе потсетиме дека во 2018 година, во обид да прогнозира како ќе изгледа ТОП10 на АТП листата, мислеше дека Новак нема да биде таму… Потценување е да се каже дека тој збрка, и сега е време да се извини.

Во написот на британски „Телеграф“ под наслов „Новак Ѓоковиќ го надмудри времето – згрешив кога го отпишав“, Сајмон Бригс покајано им се обрати на најдобрите на сите времиња, додавајќи дека, како и Мик Џегер и Том Брејди, има уште не ја изгубил својата глад за успех. Еве што напиша познат тениски новинар за Новак Ѓоковиќ, го пренесуваме неговиот текст на српски јазик со порака дека сигурно ќе читаме уште многу вакви колумни во годините што доаѓаат.

„Што и да се случи викендов на завршниот турнир во Торино, утрото потоа ќе му припадне на Новак Ѓоковиќ. Во понеделник, тој ќе стане првиот тенисер – од кој било пол – кој победил 400 недели на првото место на листата. Тоа е речиси осум Топ игри полни години. Тоа е неверојатно достигнување. И едно што лично не успеав да го предвидам. Ова е мое признание“.

„Пред пет години, моите колеги и јас од спортската редакција на Телеграф бевме замолени да напишеме како ќе изгледаат првите 10 во светот оваа недела во 2023 година. Резултатите беа интересни… Го ставив Денис Шаповалов. на прво место. На второ место е Хјеон Чунг, Јужнокореец чија кариера е уништена поради повредите на грбот. На петтото место е Џек Сок, Американец кој секогаш личи на него претпочита хамбургери од победа. А каде беше Ѓоковиќ? Никаде“.

„Каде ли ми беше умот? Со оглед на тоа што тешко се сеќавам каде ги оставив клучевите од автомобилот, тешко е да се каже со сигурност. Но, претпоставувам дека се разбудив тоа утро во ноември 2018 година и си помислив: Знаеш што? Ѓоковиќ е целосно преценет. Поверојатно е дека го направив сето тоа со надеж дека ќе ја исполнам мојата желба, наведувајќи како би изгледала најшарената и најразновидна група играчи за кои можев да се сетам. И додека Ѓоковиќ веќе беше на добар пат да го добие статусот на Најдобрите на сите времиња, имаше и такви кои постигнаа повеќе ако ја погледнам забавната страна. Дали можеби имаше мал замор од Ѓоковиќ? Почнав сериозно да се занимавам со тенис есента 2011 година кога самиот Ѓоковиќ стануваше ѕвезда“, напиша тој. во колумната Бригс и потсети дека тогаш го нарекол Ѓоковиќ „тениски научник“ кој плете мрежа.

„Неверојатно е што Новак Ѓоковиќ се наближува до 37 години и никој со сигурност не се спротивставил на неговиот пристап. Статистички најблизок предизвикувач е Рафаел Надал кој со својот форхенд успеа да најде излез од таа своја пајажина – како Индијана Џонс. Но, дури и Надал е втор најдобар таму (29-30) во меѓусебниот скор. Во моја одбрана очекував Ѓоковиќ до сега да ја заврши кариерата. Или, дека неговиот внатрешен оган малку ќе се олади. Ниту едното ниту другото не се случи. Тој сè уште рутински ги победува своите ривали – од кои многумина се 15 години помлади – и тоа е на физичка сила. А неговата глад е само поттикната од реакцијата на навивачите“.

„Сепак, Ѓоковиќ не е првиот шампион кој поминал низ сето ова. Но, кога Михаел Шумахер разви сличен анти-херојски имиџ, звукот на неговиот мотор ги удави сите негодувања од навивачите. Додека Ѓоковиќ, во уште еден мајсторски удар, научи да го „Кога публиката вика Роџер, го слушам Новак“, рече тој по неговата позната победа на Вимблдон во 2019 година над Федерер. Алкараз, Синер и Руне, тенисот конечно најде трио со фактор „аууу“. Тројцата имаат комбинирани пет победи и осум порази против Ѓоковиќ – солиден почеток на нивните кариери. Но, сè уште нема знаци дека мајсторијата на Ѓоковиќ е пред Како Том Брејди, како Мик Џегер, како Доријан Греј… Тој го надмудри времето. Моето единствено преостанато предвидување е дека ќе го собори рекордот на Кен Розевал (37 години и 62 дена) и ќе стане најстариот играч кој постигнал гренд слем. Тоа ќе биде на следниот УС Опен“, напиша англискиот новинар.

Погледнете ја неговата прогноза за АТП листата на крајот на 2023 година…

  1. Денис Шаповалов (102. во светот)
  2. Хјунг Чунг (1.095)
  3. Стефанос Циципас (6)
  4. Марин Чилиќ (663)
  5. Џек Сок (се откажа од тенисот)
  6. Карен Хачанов (15)
  7. Ник Кирјос (нерангиран, не играше една година)
  8. Доминик Тим (95)
  9. Кајл Едмунд (535)
  10. Александар Зверев (8)
Прикажи повеќе...

Популарно

Втора победа на македонските одбојкари на Европското првенство против Црна Гора

Објавено пред

Македонската одбојкарска репрезентација победи во вториот натпревар на Европското превенство во Скопје, против Црна Гора и се пласираше во осминафиналето.

dobivaj vesti na viber

Двете победи, против Данска и Црна Гора на почетокот од првенството на македонските одбојкари им донесе пласман во следната фаза од европскиот шампионат.

Одбојкарите беа поддржани од присутните во спортскиот центар„Борис Трајковски“ со аплауз и овации.

Следниот предизвик за македонската репрезентација се натпреварите со Полска, Холандија и Чешка. Македонија во рамките од третото коло утре со почеток во 20 часот ќе се сретне со фаворитот во групата, селекцијата на Полска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Доцнење на прегледи и на резултати, скопјани со најмногу поплаки за здравството – Алиу ветува дека ќе го слуша гласот на народот

Министерството за здрвство добило 90 пријави од граѓани кои се пожалиле на функционирањето на здравствениот систем. Министерот за здравство Азир...

Македонија1 час

Токму полициски службеници на Тошковски се фатени за диви приклучоци, проблемот не е водата, туку тие што ја добиваат бадијала и институциите што ги штитат, велат од Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ, кога обвинува за недостиг на вода во град Скопје, заборава да додаде дека токму полициските службеници на Панче Тошковски...

Македонија2 часа

55 ветерници ќе обезбедуваат струја за 100.000 домаќинства – почна изградбата на ветерниот парк кај Штип

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција...

Македонија2 часа

Дивоградбите ќе се уриваат ако се утврди дека се проблем за безбедноста на граѓаните, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот...

Македонија2 часа

Тошковски: Арсовска одбива да соработува, полициските службеници не може да обезбедат изјава

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека градоначалничката Данела Арсовска одбива да соработува со полициските службеници од Одделот за внатрешна...

Топ2 часа

Пренесувале и продавале дрога: осомничените откриени преку скај-комуникација

Врз основа на доказите добиени преку скај-комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе...

Топ3 часа

Полицаец се обидел да внесе дрога во Идризово, приведен е

Приведен е полицаец поради сомнеж дека се обидел да пренесува дрога во Идризово. „При претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Македонија3 часа

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, на три години и десет месеци затвор...

Свет5 часа

Трамп: Ракетите за системите „Патриот“ веќе се на пат кон Украина, пристигнуваат од Германија

Ракетите за системот за воздушна одбрана „Патриот“ наменети за Украина веќе се на пат, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, објави...

Македонија5 часа

Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек

Министерството за внатрешни работи распишува конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. „Да се биде полицаец е повик а...

Свет6 часа

Трамп: Бонди треба да објави сè што смета за веродостојно за Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека државната обвинителка Пам Бонди треба да објави „сè што го смета за веродостојно“ за...

Македонија22 часа

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари за 24.000 денари месечно

Огласот за ангажирање 400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче...

Топ24 часа

Кривична против лекар во струшката болница: со истечена лиценца 4 години примал плата и додатоци

42-годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, извести МВР. „ОВР...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на...

Свет1 ден

Русија: Подготвени сме за преговори, но не прифаќаме ултиматуми

По претходната изјава од Кремљ, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека Москва е подготвена за разговори откога...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Трамп го праша Зеленски дали може да ги нападне Москва и Санкт Петербург

Според „Фајненшл тајмс“, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја повикал Украина да размисли за напад подлабоко на руска територија и...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ до Јаневска: Дали може мирно да спиете знаејќи дека учениците со попреченост на 1 септември нема да го имаат својот образовен асистент до себе

„ВМРО-ДПМНЕ го партизира секој сегмент од општеството, дури и онаму каде што најмалку треба да има политика- во образованието. Ова...

Македонија1 ден

Мицкоски: ГРЕКО потврди, Македонија ја напушта ерата на селективна правда и политичка недопирливост

Работата на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам има особено значење за стабилноста, безбедноста и отпорноста...

Македонија1 ден

Димитров: ЕУ дозволи она што за нас беше најважно и што го обезбедивме со преспанскиот договор сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде доследен, конзистентен и принципиелен партнер, партнер што испорачува и исполнува ветувања. Партнер кој е гласен кога...

Македонија1 ден

ДУИ за Коридорот 8: Тие што го саботираа, денес се фалат

Демократската Унија за Интеграција го поздравува ентузијазмот со кој актуелната Влада го промовира реализирањето на стратешките проекти во земјата, како...