Црна хроника
Полицаец од Демир Хисар пукал кон лице кое дивеело во барот на брат му
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Н.Н.(32), полициски службеник во полицијата Демир Хисар за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, ноќеска, околу 00.30 часот, откако во полициската станица во Демир Хисар било пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред кафе барот „Тендер“ во Демир Хисар, сопственост на братот на пријавениот, истиот без да добие наредба да презема службени дејствија, во цивилна облека, се упатил на местото на настанот.
Таму физички нападнал лице кое било посочено дека учествувало во нарушувањето на редот, а откако лицето се оддалечило, пријавениот без да внимава на присуството на повеќе граѓани, од службениот пиштол испукал еден проектил кон лицето, но не успеал да го погоди./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вчера уапсени седум лица: возеле без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола.
Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

