Скопје
Последици од невремето во Скопје

По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје во четвртокот, во попладневните часови, екипите на Градот Скопје, на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираа штетите. Се интервенираше на подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“, на булеварот Алаксандар Македонски, на клучката кај хотелот „Континентал“, на булеварот Србија, на подвозникот на улицата Павел Шатев, во делови од општината Кисела Вода, на подвозникот на булеварот Киро Глигоров, на булеварот Гоце Делчев кај зградата на МРТВ, на улицата Финска во Маџари и во населбата Автокоманда.
Силното невреме вчера ги погоди источните делови од градот – општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, дел од општината Чаир и општината Гази Баба. Во Градот Скопје се пријавени поплави во повеќе домови, при што на исцрпување на водата интервенираа екипи на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада.
Целосно се поплавени подрумските простории на средното училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром, пријавени се оштетувања на покривите на повеќе објекти – индивидуални куќи и згради во Кисела Вода и во Аеродром. Оштетени се и голем број автомобили.
На повеќе локации во градот силниот ветер искрши и турна 39 дрвја, а искрши и многу гранки.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, уште веднаш излезе на терен со екипите на јавните претпријатија и ги следеше активностите за расчистување на последиците од невремето на сите критични точки. Екипите на Градот Скопје и денеска ја следат состојбата на терен и се мобилни зашто од УХМР повторно се најавуваат обилни врнежи од дожд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 – 15:00 часот, корисниците од улицата 9 во населба Илинден. (Општина Илинден)
Македонија
Орце Ѓоргиевски: „EXIT“ доаѓа во Скопје!

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, информира дека е постигнат договор со основачот на „EXIT“ фестивалот, Душан Ковачевиќ, од следната година Скопје да биде нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групации.
„Убеден сум дека бренд како „EXIT“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на Скопје и Македонија. Тоа ќе ја стави нашата метропола на мапата на топ дестинации за посета на огромен број туристи, бидејќи граѓаните на Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто“, изјави Ѓоргиевски.
Со ова Скопје ќе се вброи меѓу европските градови кои се дел од мрежата на еден од најпрестижните музички фестивали во Европа, што ќе значи и нова енергија, нови инвестиции и зголемување на туристичкиот потенцијал на главниот град.
Скопје
Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти СВР Скопје.
Според полицијата, несреќата се случила помеѓу патничкото возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (41), и „поло“ управувано од А.Ш. (30). Најтешко повредена е сопатничката од „поло“ возилото, Х.С.Ш., додека возачот А.Ш. и другата сопатничка Ш.Ш. (57) се здобиле со телесни повреди.
Повреди добиле и возачот на „голф“ З.С. и неговиот сопатник Ѓ.Х. (42), кои се згрижени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а причините за сообраќајката се во тек на истрага.