Контакт

Вести

Израел ја продолжува офанзивата во Газа по примирјето

Објавено пред

Кусотрајното еднострано израелско примирје потребно помошта да дојде до Палестинците во Појасот Газа заврши во понеделникот навечер со обвинувања од двете страни за неговото прекршување, а Израел вети продолжување на воената операција во палестинската енклава до постигнување на целосна безбедност на своите граѓани, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

Палестинците соопштија дека Израел бомбардирал бегалски камп во Газа Сити при што е убиено осумгодишно девојче и ранувајќи 29 луѓе во воздушен напад по почетокот на примирјето, пренесува Reuters.Израелската воената портпаролка изјави дека немало воздушни напади од 10 часот наутро кога започна седумчасовното примирје. Додала дека четири ракети од Појасот Газа по почнувањето на примирјето од кои две паднале во Израел. Нема извештај за жртви или штети. Во источен Ерусалим Палестинец возејќи багер прегази и уби еден Израелец а потоа преврти автобус при што немаше настрадани, што израелската полиција го квалификуваше како терористички напад, во кој напаѓачот е убиен. Неколку часа подоцна вооружен маж рани војник во близина на Еврејскиот универзитет во Ерусалим и побегнал на мотоцикл.Здравствените власти во Појасот Газа изјавија дека во израелската офанзива којашто започна на 8-ми јули досега се убиени над 1.800 Палестинци од кои повеќето се цивили, а според истите извори над 400 се деца, додека организацијата за заштита на децата при ОН – УНИЦЕФ смета дека во израелската офанзива настрадале околу 350 палестински деца. Во палестинската енклава од почетокот на судирот меѓу израелската армија и исламистичкото движење Хамас се ранети и повеќе од 9.300 Палестинци. Повеќе од четвртина од 1,8 милиони жители на Газа ги напуштија своите домови, а околу три илјади домови се целосно уништени или тешко оштетени. Од израелска страна во понеделникот се наведува дека загинале 68 војници и четворица цивили.По средбата на потесниот политичко-одбранбен кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посветена на ситуацијата во Газа, тој вети продолжување на операцијата „Линија (раб – острица) на одбраната“. „Преостана до нејзиното завршување израелските одбранбени сили да ги уништат напаѓачките тунели од Газа“, се вели соопштението на израелската влада.Главната цел на израелската копнена офанзива е уништување на прекуграничните подземни тунели од Газа преку кои палестинските милитанти се уфрлуваат на израелската територија. Армијата ја привршува својата операција и на некои од палестинските градови им објави дека можат да се вратат во своите домови.Портпаролот на премиерот Нетанјаху, сепак, изјави дека израелските сили ќе бидат од двете страни на границата и по завршувањето на офанзивата. „Операцијата ќе биде завршена дури тогаш кога ќе биде воспоставен подолг период на мир и безбедноста на израелските граѓани“, се истакнува во соопштението на Нетанјаху.Израелскиот воен портпарол потполковникот Петер Лернер изјави дека продолжуваат воздушните операции „против терористичката инфраструктура во Газа“. „Мисијата не е ограничена временски, туку со постигнување на нејзината цел“, изјави за BBC.Палестинските групи, меѓу кои и претставници на Хамас и Исламски џихад, одржаа во понеделникот првиот формален состанок со египетските посредници во надеж дека ќе се отвори пат кон договор за траен прекин на огнот со Израел. Египетското посредништво кое го поддржуваат САД и ОН во кое се вклучени и Катар, Турција и претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абаз кој ја има поддршката на Западот, се комплицираше со драматично спротивните услови коишто ги поставуваат Израел и Хамас. Израел, чии претставници не учествуваат на преговорите откако го обвини Хамас дека не се придржува на претходните прекини на огнот, вели дека во Газа не смее да има тунели, ниту ракети. Хамас тоа го исклучува и бара попуштање на блокадата на Газа од страна на Израел и Египет коишто палестинските исламисти кои соработуваат со Муслиманското братство ги смета за закана по сопствената безбедност. Палестинските делегати претходно во неделата во Каиро изјавија дека, исто така, бараат Израел да се повлече од Газа, да се овозможи обновата на таа територија и да ги ослободи палестинските затвореници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Филипче: Ова е држава на сите, мора да се бориме за нашиот дом

„Државата не е ничија сопственост. Не е сопственост на партиите, ниту на владата. Државата е на граѓаните. Таа е нашиот...

Македонија49 минути

Три активни пожари во државата, еден под контрола, а 27 се изгаснати

Во последното денонноќие, до 07:00 часот утрово, на територијата на Р.С. Македонија имало вкупно 31 пожар на отворен простор, од...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 8 Септември: Денес, 34 години потоа, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста. „На 8 Септември 1991 година,...

Свет2 часа

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе...

Македонија2 часа

Министерот Мисајловски со честитка до македонските граѓани по повод 8. Септември – Денот на независноста

Министерот за одбрана Владо Мисајловски им упатува честитки на македонските граѓани, по повод 8. Септември, Денот на независноста. Во честитката,...

Македонија2 часа

Гаши: Време е секој од нас да придонесе во зајакнувањето на мирот, стабилноста и соживотот

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши на сите граѓани им ја честита 34-годишнината од независноста на државата. „Денот...

Свет11 часа

(Фото) Вечерашниот небесен спектакл нема да се повтори сè до 2029 година

Љубителите на астрономијата и набљудувачите на ноќното небо вечерва имаа можност да уживаат во небесен феномен. Во ноќта помеѓу 7...

Македонија16 часа

Полициски хеликоптер и два ер трактори се борат со пожарот кај Раштак

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од...

Топ18 часа

28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во...

Македонија19 часа

Сите хоспитализирани од пожарот во Виница се во стабилна здравствена состојба, соопшти МЗ

Тринаесет лица се хоспитализирани по пожарот што вчера доцна попладне избувна во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во...

Свет22 часа

Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во...

Свет22 часа

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е...

Македонија23 часа

Во пожарот во „Винчини“ повредени се пожарникари, доброволци и вработени во фабриката

Медицинска помош во текот на синоќешниот пожар во фабриката Макпрогрес-Винчини побарале 16 лица, изјави градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков....

Свет23 часа

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во...

Македонија24 часа

Подметнат е големиот пожар кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под...

Македонија24 часа

Пожарот во фабриката „Винчини“ е под контрола, пожарникарите со часови се бореле со огнот

Ставен е под целосна пожарот што изби вчера во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница позната по...

Свет1 ден

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,...

Македонија1 ден

Чизмите им останале заглавени во стопен шеќер, повредени неколку пожарникари, пожарот во „Винчини“ под контрола

Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата додека го гаснеле големиот пожар во фабриката „Винчини“. Тие се заглавиле во...

Македонија2 дена

(Видео) Фабриката „Винчини“ во пламен, ангажирани пожарникари од повеќе градови

Голем пожар ја зафати фабриката за слатки „Винчини“ во Виница, каде што огнените јазици уништија магацини и неколку производствени погони....

Скопје2 дена

Пет лица повредени, една жена во критична состојба во сообраќајка во Скопје

Пет лица се повредени во сериозна сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 19:30 часот на улицата Христијан Тодоровски Карпош...