Црна хроника
Во Софија во стан пронајдени пет жртви од едно семејство
Жител на главниот град на Бугарија, е осомничен дека со пиштол ги застрелал четирите члена на неговото семејство, јавија во петокот доцна навечер софиските електронски медиуми.
„Резултатите од спроведената анализа на чаурите најдени на местото на настанот, покажуваат дека е куршумите биле истрелани од пиштол којшто припаѓал на таткото на семејството“, се вели во соопштението на софиската полиција, во коешто се појаснува дека на рацете од осомничениот убиец биле откриени барутни честички.
Според оваа информација, жртвите на главата на семејството биле неговата сопруга и двата сина , на 21 и 27-годишна возраст, а исто така и тештата.
Петте тела биле откриени во 21 часот по локално време во петокот. Како што пишува електронското издание на весникот 24 часа, во домот на семејството Савови избувнала караница во кој имало напад со нож, најверојатно од едниот психички болниот син. Криминалистите претпоставуваат дека таткото, поранешно воено лице, во жарот на кавгата посегнал по пиштолот и го убил семесјтвото а потоа и себеси.
Првичната верзија дека сторител на масакрот е повозрасниот син кој бил шизофреничар, сѐ уште не е отфрлена. Исто така, истражителите сметаат дека таткото првично во момент на очај се обидел да се самоубие бидејќи на неговото тело биле најдени рани од нож, но потоа го загубил разумот и го зел во едната рака пиштолот а во другата рака ножот и го сторил колежот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

