Црна хроника
Два нови случаи на украдени регистарски таблички во Грција
Во понеделникот на граничниот премин „Богородица“ се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи, соопштуваат од МВР.
Првиот случај е пријавен од лицето Т.М. од Велес, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Vectra“ со велешки регистарски ознаки истиот пријавил дека во неделата во туристичкото место Катерини му се украдени двете регистарски ознаки од возилото.
Вториот случај е пријавен од лицето Б.С. од Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, а има пријавено дека во саботата во туристичкото место Лефкада исто така му се украдени двете регистарски таблици од возилото.
Двата случаи се пријавени на грчката полиција и за истото е изготвен записник.
Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблици, бројката за оваа година достигна вкупно девет, а досега регистрирани се и три оштетувања на возила и регистарски ознаки, со што се повторуваат проблемите со кои се соочуваат македонските туристи во Грција./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четири пати поевтино, МВР поднесе кривична
Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.
„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Двајца скопјани пријавиле дека биле нападнати од соседите во центарот на градот
Вчера во 14.50 часот во СВР Скопје, 35-годишниот З.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред станбена зграда на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот сосед Ј.Т.(39) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера попладне, во 15.15 часот во СВР Скопје, 39-годишниот Ј.Т. од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор „Скопје“ пронајдена дрога
Денеска во 04.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.