Свет
Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија
Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во северна Сирија, ако САД не ги исполнат своите обврски.
Обврска на САД е да влијаат на повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.
„Во овој момент ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите мораат да бидат повлечени од безбедносната зона и треба да го предадат тешкото вооружување. Мораат да бидат уништени нивните позиции. Ако тоа не се случи, операцијата ќе биде обновена. Нашата војска е целосно подготвена за тоа“ рекол Акар.
Турскиот претседател Ердоган и потпретседател на САД Мајк Пенс се договорија турската офанзива во Сирија да биде прекината на пет дена поради повлекување на курдските сили од границата со Турсија. Пенс соопшти дека договорот подразбира повлекување на курдските сили и дека САД ќе допринесат во тој просец. Тој истакна дека американската војска нема да се врати во оваа област.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Сведоштва од нападот во Њу Орлеанс: „До мене долета тело“
Очевидци на нападот во Њу Орлеанс, кога маж со своето возило влетал во толпа луѓе, убивајќи најмалку 10 и повредувајќи најмалку 30 лица, за Си-Ен-Ен ја опишале паниката и ужасот што се појавиле на улиците на историскиот град во Луизијана.
– Видов пикап како удира во сите на тротоарот на улицата Бурбон. Тело долета до мене – рекол 22-годишниот Кевин Гарсија, додавајќи дека слушнал истрели.
🚨💔 BREAKING: Horror unfolds in the heart of the French Quarter, New Orleans.
A pickup truck slammed into a crowd during New Year’s celebrations, killing at least 10 people and injuring several others. A night of joy turned into a devastating tragedy. 🌙💔
Our hearts go out to… pic.twitter.com/4WubTfofs6
— SENO ♥︎ (@Seno_Vibes) January 1, 2025
Друг сведок, 22-годишната Вајт Дејвис, изјави за Си-Ен-Ен дека во моментот на инцидентот била во ноќен клуб на таа улица.
Tonight's Terrorist Attack on Bourbon St in New Orleans pic.twitter.com/No6hmXrpH6
— God-fearing Atheist (@FearingAtheist) January 1, 2025
-Сите почнаа да викаат и да трчаат, потоа бевме затворени на кратко, потоа ситуацијата се смири, но не не пуштија да си заминеме. Кога конечно не пуштија од клубот, полицијата не упати каде да одиме и ни рекоа брзо да го напуштиме просторот. Видов неколку тела кои не успеаја да ги покријат и многу на кои им беше укажана прва помош – рече таа.
Според досегашните информации, во нападот загинале најмалку десет лица, а 30 се повредени.
Градоначалничката на Њу Орлеанс рече дека го смета ова за терористички напад.
– Знаеме дека градот Њу Орлеанс е погоден од терористички напад – рече таа, истакнувајќи дека инцидентот се уште е под истрага.
Очевидци изјавија за CBS дека возилото со голема брзина влетало во толпата, а потоа возачот почнал да пука, по што полицијата возвратила. Полицијата не ги потврди овие наводи.
Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат многу жртви на теренот, а во позадина се слушаат истрели.
Свет
Бугарија и Романија станаа полноправни членки на Шенген зоната
Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска посочи дека со влезот во Шенген зоната земјата постигнала една од стратешките цели која е важна за граѓаните и развојот на бугарската економија.
Бугарскиот премиер Димитар Главчев истакна дека ова е „историски момент“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им честиташе на Бугарија и Романија што станаа полноправни членки на Шенген зоната за слободно патување на Европската унија, јави БТА.
„Целосно во Шенген, каде што припаѓате“, изјави таа.
Претседателката на Европскиот парламент истакна дека двете земји заслужиле да влезат во Шенген зоната.
„Тоа е заслужено. Посилен Шенген значи побезбедна и пообединета Европа“, рече таа.
Бугарија и Романија денеска ги укинаа контролите на копнените граници и станаа полноправни членки на Шенген зоната за слободно патување на Европската унија, приклучувајќи се на проширениот блок на земји чии жители можат да патуваат без проверки на пасошите.
Овој момент го чекаа 13 години.
Непосредно по полноќ, огномет го осветли небото на преминот во близина на бугарскиот пограничен град Русе, додека министрите за внатрешни работи на Бугарија и Романија, Атанас Илков и Каталин Предоја симболично подигнаа бариера на мостот на пријателство што се протега на реката Дунав, објави Ројтерс.
Проверките на воздушниот и поморскиот пат од Бугарија и Романија беа укинати во март 2024 година, но копнените проверки продолжија се додека Австрија минатиот месец не се откажа од своето вето со образложение дека треба да се направи повеќе за да се запре нерегуларната миграција.
Граничните контроли меѓу Франција, Германија, Белгија, Холандија и Луксембург беа укинати за прв пат во 1985 година.
Шенген зоната сега опфаќа 25 од 27 земји-членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Свет
(Видео) Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс: најмалку 10 починати и 35 повредени
Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс. Според првите информации загинале најмалку 10 лица, додека 35 се повредени. Инцидентот се случил на улица за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови.
Си-Ен-Ен пренесува дека напаѓачот е убиен. Полицијата соопшти дека нападот бил „многу намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето. Тој рани двајца полицајци.
Градоначалникот на Њу Орлеанс инцидентот го нарече „терористички напад“, а ФБИ потврди дека нападот се истражува како терористички чин. Тие ја презедоа истрагата и велат дека на местото на настанот била пронајдена импровизирана експлозивна направа.
ФБИ го истражува инцидентот во Њу Орлеанс како „терористички чин“, се вели во соопштението.
„Утрово, поединец со својот автомобил влета во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс, убивајќи многу луѓе, а рани десетици други“, се вели во соопштението на ФБИ.
Претходно, агент на ФБИ изјави дека инцидентот „не е терористички настан“, додека градоначалникот го нарече „терористички напад“.
„Мажот кој влетал со пикапот во луѓе во Њу Орлеанс се обидел да убие што повеќе луѓе“, соопшти полицијата на тој американски град, додавајќи дека напаѓачот е убиен, јавува Си-Ен-Ен.
„Напаѓачот на историската улица Бурбон имал голема желба да предизвика масакр“, изјавила полициската службеничка Ен Киркпатрик, а пренесува агенцијата Франс прес.
Според досегашните податоци на итната помош најмалку десет лица загинале, а неколку десетици се повредени. Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци, додавајќи дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.
Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци. „Тој човек, сторителот, пукаше во нашите полицајци од своето возило. Тие се во стабилна состојба“, рече Киркпатрик.
Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е мртов, изјави федералниот службеник за спроведување на законот за Си-Ен-Ен. Индициите се дека осомничениот делувал намерно, рече службеникот. ФБИ и полицијата вршат претрес на возилото за да го утврдат мотивот.