Свет
Мадрид го одби повикот за разговори со Каталонците
Шпанската Влада го одби повикот на каталонскиот лидер, Квим Тора за нови преговори. Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез изјави дека Тора прво мора недвосмислено да ги осуди немирите со кои беше зафатена Каталонија.
Тој додаде дека Владата на Шпанија повеќе пати соопштила дека проблемот на Каталонија не е независноста, што нема да се случи, бидејќи е незаконска и не е желба на мнозинството Каталонци, туку коегзистенција. Претходно, Тора побара разговори со Владата во Мадрид, по пет дена немири предизвикани од изрекувањето на затворските казни за каталонските сепаратистички лидери.
„Го повикуваме вршителот на должност премиер на Шпанија да седне на преговарачка маса и да разговара со нас“, истакна Тора, додавајќи оти минатонеделното насилство не ја отсликува „мирната природа“ на движењето за независност на Каталонија.
Протестите почнаа откако шпанскиот Врховен суд на 14 октомври осуди девет каталонски претставници на затворски казни од девет до 13 години поради бунт и користење на јавни пари за организирање на референдум за независност во 2017 година, кој беше забранет од Уставниот суд и последователното еднострано прогласување на независност на Каталонија. На тројца каталонски претставници им е забрането да извршуваат јавни функции и треба да платат парични казни.
Каталонската и шпанската полиција синоќа ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови и ги растераа демонстрантите, кои шест часа го блокираа градот. Илјадници демонстранти со знамиња на Каталонија, на петтиот ден од демонстрациите, целосно го блокираа градот. Синоќа се случија најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Припадничка на косовската полиција пронајдена мртва во куќа во Гњилане
Припадничка на полицијата на Косова, чиј идентитет не е соопштен е пронајдена мртва во нејзината куќа во Гњилане.
Полицијата соопшти дека починатата имала 46 години и дека нејзиното безживотно тело го пронашла полициска патрола околу 11.45 часот.
Исмет Хасани, портпарол на косовската полиција за регионот Гњилане рече дека полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот каде го пронашла безживотното тело на нивната колешка.
Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна по завршување на истрагата која е во тек.
Свет
Блинкен: Русија мора да плати за тоа што Путин го уништи во Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека рускиот претседател Владимир Путин ја уништи Украина и затоа Русија треба и мора да плати за обновата.
Според него, САД имаат намера да ја искористат својата моќ и да ги користат руските средства (за обнова на Украина), пренесува Ројтерс.
„Ние работиме со нашите партнери од Г7 за да ги искористиме замрзнатите руски државни средства за да ја вратиме штетата направена од Путин“, рече Блинкен за време на посетата на Киев.
Свет
Голема акција во Италија: 142 лица се приведени за шверц на дрога, меѓу кои и цариници и полицајци
Италијанските власти соопштија дека денеска во операција против калабриската мафија Ндрангета („Свети луѓе“) привеле 142 лица активни во трговијата со дрога од клановите на градот Козенца, на југот.
Полицијата вели дека овие луѓе се осомничени за врски со „Ндрангета, трговија со дрога, мафијашко здружение и други злосторства.
Приведен е и службеник на италијанската царина и финансиска полиција.
Обвинителот на блискиот град Катанзаро, Винченцо Капомола, изјави за новинарите дека мафијашките групи ги „гушат“ трговците и претприемачите изнудувајќи од нив пари, а дека користат дури и малолетници за нивната главна дејност – трговија со дрога.