Македонија
(Видео) Тачи: Изборите се поклопуваат со пописот, мислам дека тешко изводливо е да имаме попис

Релевантните политички партии во Македонија не гледаат ни една друга алтернатива освен да продолжат по патот на интеграција кон НАТО и ЕУ, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
„Договоривме на 12-ти април да имаме предвремени избори. За жал се совпаѓа датумот за попис и избори. Не можеме во исто време да имаме попис и за жал мислам дека ќе требаат уште неколку месеци за пописот“, рече Тачи по лидерската средба што денеска се одржа во Вилата Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Кој е следен“ на протест во 18 часот пред Влада

Иницијативата „Кој е следен“ за денеска во 18 часот најави протест пред Владата.
„Системот заборава – но, ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да нè исплашат, секоја неправда со која сакаат да нè замолчат. Тоа што нѐ напаѓаат, значи дека нѐ слушаат и ни потврдуваат дека ја зборуваме вистината, а вистината ги вознемирува само оние што профитираат од нашето секојдневно страдање“, се вели во најавата.
Два месеци бараме промени, велат од иницијативата, но ништо не се менува.
„По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки. Во изминатите два месеци, ние покажавме дека сме гласот на сите што беа понижени, игнорирани и обесправени во овие 35 години. Затоа, ако си работник што гине на работно место без основни работни услови, мајка што не спие додека детето не се врати дома, младо лице што заминува затоа што нема за што да остане, студент што плаќа за „бесплатно“ образование, доктор што работи со скршена опрема, учител кој е оставен сам на себе, пензионер што одвај преживува, ако си граѓанин на кој системот му го одземал достоинството – ова е твојот повик. Системот што требаше да нè заштити, нѐ остава да умираме. Пратениците кои треба да нѐ претставуваат, нѐ оставија да се претставуваме сами, судиите кои треба да донесат правда, ја одложуваат додека таа не стане бесмислена. Време е да се разбудиме. Време е да го промениме системот. Ова не е марш на ,,Кој е следен?”. Ова е повик за здружување, против заедничкиот непријател, системот кој сака да заборавиме. Но, ние не забораваме. Ние паметиме. И затоа, не заминуваме. Не се повлекуваме. Излегуваме на улица. Повторно. Погласно. Појасно. СИСТЕМОТ Е СЛЕДЕН!“, пишува во најавата за протестот.
Македонија
Казнета струмичка кланица, испуштала крв во река

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на социјалната мрежа Фејсбук дека струмичка кланица, преку цевка, директно испушта крв во река.
Со надзорот утврдено е дека операторот постапува спротивно на законските одредби за нештетно отстранување на нус производи.
Кланицата е казнета со парична казна од две илјади евра во денарска противвредност, а одговорното лице во правното лице со 400 евра во денарска противвредност.
„Наредено е доследно спроведување на законските процедури за отстранување на нус производи од животинско потекло од категорија 3 (крв од животни заклани во кланица кои не покажуваат знаци на болест). Крвта како нус производ од колењето животни ( нус производ од категорија 3), согласно законските и подзаконските акти кои ја уредуваат оваа материја, треба да се отстрануваат со претходно одвојување и собирање во посебно место“, соопшти АХВ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет ја обелодени вистината – за нив животот на Теодора вреди две години затвор

Парасистемот на СДС и ДУИ во судството ја гази правдата и ја урива државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Судскиот совет денес ја обелодени вистината – за нив, животот на Теодора вреди две години затвор. Тоа е нивната „правда“. Срамна, понижувачка и целосно дискредитирана. Да биде појасно: сите членови на овој Совет се избрани од СДС и ДУИ, во времето на Заев и Филипче. Тоа е нивниот Совет. Нивната мрежа. Нивниот инструмент за заштита на своите и покривање на криминалот“, велат од партијата.
Ова не е изолиран случај, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ова е дијагноза на системот – болен, трул, партизиран до коска.
„Судии кои не се водат од закон, туку од партиска лојалност. Совет што не штити правда, туку крие срам. Кога велиме „калуѓери што мрсат и во петок“, мислиме на лицемерие без граници. Морален распад. Луѓе без срам кои носат одлуки со кои се убива надежта дека правдата постои. Но нема да остане така. Овој систем ќе падне. Ќе има независен судски систем, ќе има правда. Ќе има одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.