Свет
Џонсон ги повика пратениците да го одобрат договорот за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците да го одобрат договорот за брегзит, истакнувајќи дека ниту тој, ниту Европска Унија, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
„Јавноста не сака повеќе одложување, ниту европските лидери ниту јас. Завршуваме со брегзит на 31 октомври и продолжуваме понатаму“, посочи Џонсон.
Тој повтори дека новиот договор обезбедува рамка за нов однос заснован врз слободна трговија и пријателска соработка.
„Излегуваме од ЕУ, но секогаш ќе бидеме Европејци“, истакна Џонсон.
Претходно претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу, го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.
Британскиот парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.
Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за брегзит. Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа: Трамп се чувствува лошо затоа што Израел го нападна Хамас токму во Доха

На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“.
Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу лошо во врска со локацијата на нападот. Таа додаде дека претседателот работи „активно и решително“ за да постигне мир.
Според неа, по нападот, Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар.
Израелскиот премиер Нетанјаху претходно потврди дека лично одобрил „хируршки прецизен удар“ врз лидерите на Хамас во Доха, а израелската армија и Шин Бет објавија дека станува збор за заедничка операција против „врвното раководство“ на таа организација. Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право, додека Хамас соопшти дека неговата преговарачка делегација преживеала, но во нападот загинале шест лица, вклучувајќи го и синот на главниот преговарач Калил ал-Хаја.
Свет
Хамас: Нашиот преговарачки тим го преживеа израелскиот напад

Хамас објави дека неговата преговарачка делегација го преживеала израелскиот напад врз главниот град на Катар, тврдејќи дека Израел се обидел да ги убие нивните преговарачи.
„Потврдуваме дека непријателот не успеа да ја убие нашата преговарачка делегација“, се вели во соопштението. Се додава дека нападот „несомнено потврдува дека Нетанјаху и неговата влада не сакаат да постигнат никаков мировен договор“.
Во истото соопштение, Хамас наведува дека во нападот биле убиени уште шест лица.
„Ги сметаме Соединетите Американски Држави за соодговорни за ова злосторство, поради нивната континуирана поддршка за агресија и злосторства на окупација против нашиот народ“, соопшти Хамас.
Хамас претходно објави дека израелскиот напад бил насочен конкретно кон нивната преговарачка делегација за време на состанокот во Катар, додека израелската армија потврди дека бил насочен кон високото раководство на Хамас. Ал Арабија објави дека главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен, што Хамас сега го негира.
Свет
Извор од Белата куќа потврди дека Израел ја информирал Америка пред нападот врз Катар

Израел ги предупредил САД дека подготвува воздушни напади врз претставници на Хамас во Катар, изјави висок функционер на Белата куќа.
„Информирани сме“, рече функционерот, кој сакаше да остане анонимен. Според агенциите, во заедничката изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац се наведува дека по нападот во Ерусалим, израелскиот премиер им наредил на своите безбедносни агенции да подготват напад врз раководството на Хамас.
Се вели дека можноста се појавила денес попладне и дека, со целосна поддршка од одбранбените лидери на Израел, тие заедно одлучиле да дадат зелено светло за нападот.
Се додава дека ИДФ и Шин Бет биле информирани за плановите за нападот синоќа.
Во соопштението се наведува дека Нетанјаху и Кац веруваат дека нападот бил оправдан бидејќи раководството на Хамас стоело зад нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и пукањето во Ерусалим во понеделник.
Денес, Хамас ја презеде одговорноста за вооружениот напад врз автобуската станица во Ерусалим, во кој беа убиени шест Израелци, а неколку беа повредени.
Ниту Израел ниту Хамас официјално не потврдија дали лидерите на Хамас го преживеале нападот во Катар или биле убиени.