Спорт
Тотенхем и Реал без право на кикс

Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе биде отворено третото коло во Лигата на шампионите. Вистиско дерби вечерва нема да има, но на програмата се три исклучително интересни средби кои можат да им ја скројат иднината на тројца тренери.
Реал Мадрид има само еден бод во првите две кола, иста е ситуацијата и со Галатасарај. „Кралот“ гостува во Истанбул и евентуален пораз веројатно ќе значи крај за Зинедин Зидан на клупата на Реал.
Истото важи и за Маурицио Покетино, чиј Тотетнхем мора да ја победи Црвена ѕвезда, во спротивно тешко дека Аргентинецот ќе го задржи работното место.
Во нешто подобра ситуација е стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач. Баерн по победата над Тотенхем во Лигата на шампионите, двапати одиграа нерешено во Бундес лигата. Баварците вечерва гостуваат кај Олимпијакос.
Лига на шампиони, 3.коло:
Група А:
Клуб Бриж-ПСЖ
Галатасарај-Реал Мадрид
Табела: ПСЖ 6, Бриж 2, Галатасарај 1, Реал 1
Група Б:
Тотенхем-Црвена ѕвезда
Олимпијакос-Баерн Минхен
Табела: Баерн 6, Ц.ѕвезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1
Група Ц:
Шахтјор-Динамо Загреб
Манчестер сити-Аталанта
Табела: Сити 6, Динамо 3, Шахтјор 3, Аталанта 0
Група Д:
Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен
Јувентус-Локомотив Москва
Табела: Јувентус 4, Атлетико 4, Локомотив 3, Баер 0
Натпреварите Шахтјор-Динамо и Атлетико-Баер ќе започнат во 18.55 часот, додека останатите дуели стартуваат во редовниот термин од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.
Спорт
(Видео) Папајанис во солзи го напушти дуелот со Панатинаикос

Играчот на Панатинаикос, Јоргос Папајанис, ја доживеа можеби најлошата и најтешката повреда во спортот.
Не беше во дуел со противнички играч, но се повредив слетувајќи во обид да постигне кош во акција „алеј уп“.
Најверојатно станува збор за повреда на вкрстените лигаменти.
Поанешниот грчки репрезентативец ја напушти салата во Истанбул.
Инаку Анадолу Ефес загуби од Панатинаикос со 81:95 во петтото коло во Евролигата.