Европа
Песков: По разговорите во Москва се работи на можен документ за Украина

Се работи на можен заеднички документ за решавање на ситуацијата во Украина според договорите од Минск, изјави ноќта кон саботата, Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин по петчасовните разговори во Москва со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, но засега се чини дека не е постигнат договор кој би помогнал за брзо решавање на украинската криза.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков по средбата на тројцата челници рече дека средбата минала во „контруктивен разговор“ и се договориле да работат на можен заеднички документ со кој би се овозможило спроведувањето на договорот за примирјето постигнато на почетокот од ланскиот септември во белоруската престолнина Минск, што според медиумите беше во фокусот на иницијативата на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел за итно прекинување на огнот во источна Украина, за што во четврток навечер во Киев разговараа и со украинскиот претседател Петро Порошенко. Се очекува Путин, Меркел и Оланд во недела повторно да контактираат телефонски, додаде портпаролот на рускиот претседател.
„Во моментов се работи на подготовка на текст на можен заеднички документ за имплементација на ткн Минската спогодба. Документот, кој би ги вклучувал и предлозите на претседателот на Украина (Петро Порошенко), како и предлозите формулирани денеска и соопштени од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин“, изјави за новинарите Песков, кого го цитира РИА Новости.
„Тоа е со цел, за што нормално овој текст, овие предлози да бидат предложени за одобрување на сите страни во конфликтот“, додал портпаролот на Кремљ.
Престојот на двајцата западноевропски челници во Москва следеше откако во Киев исто така разговараа пет часа со Порошенко, а треба да се одбележи дека изостана најавената заедничка изјава.
Како што подоцна можеше да се насети од изјавите на кабинетот на Порошенко и на неговите соработници на социјалните мрежи, планот на европските челници се состои во ткн Минска спогодба, прилагодена со новонастаната состојба во последните неколку месеци, а иницијативата на Берлин и Париз е итно иницирана поради нивните стравувања дека Вашингтон сериозно размислува за доставување смртоносно оружје за силите лојални на Киев може да предизвика само поголемо разгорување на конфликтот во регионот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин