Македонија
Ахмети: 12 април ќе ја означи најголемата победа на ДУИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, пред граѓаните на oпштина Боговиње истакна дека не би биле мисионери ако на нивни рамења не би унапредиле нови генерации, немаше да бидат далекувидни ако не се преземаше потег, па затоа секое изборно собрание што е одржано од ДУИ има влијаено врз аторитетот на гласачите и граѓаните.
„Токму денес, датумот 12 април 2020 година го гледам како голема победа на Демократската унија за интеграција. Со една ваква унија, нема сила што може да нè победи, бидејќи како прво имаме воспоставена мисија, идеали, а сега и функции. Нема функција без мисија, нема можности да се постигне целта ако ги губиш идеалите. Ние сме Унија на идеалите, на мисите и мисите треба да одат напред. Не само затоа што ова е наше семејство, но кажете ми една партија или движење која има придонесено во ова земја повеќе од нашето семејство. Сè се поврзува со нашето семејство, од азбуката до универзитетот, од правичното застапување до националните симболи, сите се капитални инвестиции кои ќе се користат од Албанците, и истите се бесмрттни, сите тие ги создаде нашето големо семејство Демократската унија за интеграција како продолжение на Ослободителната народна армија”, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ, Ахмети, додаде дека недобивањето на датумот за започнување на преговорите за членство во Европската Унија е осудено од самите авторитети од Брисел нарекувајќи го ова како голема грешка.
„Ние остануваме посветени, воопшто разочарани и ова одлука не ја сметаме како неуспех, ова одлука на Франција, но како мотивација повеќе да бидеме уште посилни во насока на владеењето на правотото, во насока на барањето на построг ветинг во земјата во областа на судството, полицијата, војската, владата, градоначалниците, сите овие да поминат низ филтерот на ветинг за да имаме поголема транспарентност во земјата. Овие дејствија нè доближуваат до Европската Унија“, истакна Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Индустриското производство во мај е зголемено за 9,4 проценти, споредбено со минатата година

Премиерот Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на индустриското производство во Македонија, изјави:
„Да, исклучително сме задоволни, бидејќи индикаторите, посебно во вториот квартал, почнуваат конечно да покажуваат раст. Значи оној период на стабилизација на македонската економија, сега е проследен со раст. Токму една од причините за таквиот раст е и работата на компании слични на Реплек, каде што сме денеска. Да го поздравиме сето ова што го прави менаџментот тука и да ги охрабриме да продолжат во таа насока.
Раст од 9,4% речиси двоцифрен раст на индустриското производство во мај, споредено со мај минатата година и раст на 9% на преработувачката индустрија во мај, е нешто коешто навистина за нас е многу значајно“, вели Мицкоски.
Додаде дека ако се земе периодот од почетокот на годината заклучно со мај месец, односно првите 5 месеци споредено со истиот период лани, растот е над 3 проценти, однсоно е 3,3%, а кај преработувачката индустрија 4,5%.
„Можам слободно да заклучам дека периодот на консолидирање и стабилизација е завршен, сега почнуваме преку овие индикатори да генерираме раст. Туризмот расте со повеќе од 20% и расте индустриското производство, растат инвестициите и така натаму. Ценам дека вториот квартал, би требало да имаме исклучително висок раст на македонската економија.“
Македонија
(Видео) Манојловска: Се редат скандали во општина Куманово, фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните. Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини, кажа на прес-конференција Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово.
Општината, како што рече таа, скллучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски.
„Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини. Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.
Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевск“, кажа таа.
Прашува, ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа.
Ова, како што додава, е основано сомнение за судир на интереси, непотизам и фаворизирање на роднински фирми, злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово.
Прашањето, вели таа, е кој е интересот на Максим Димитриевски.
„Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски“.
Го повикуваат Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај.
Граѓаните на Куманово, додава таа, заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт.
„А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот“.
Македонија
СДСМ поднесе 160 амандмани за ребалансот на Буџетот

Овој ребаланс е фискално нереален, социјално штетен и без развојна компонента, изјави пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната собраниска расправа за ребалансот на Буџетот.
Таа најави дека СДСМ поднесува 160 амандмани со кои се бара поддршка за итна корекција на, како што рече, штетните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН.
„Со овој ребаланс нема пари за повредените и семејствата на настраданите во Кочани, нема пари за повисоки плати, нема нови мерки за заштита на стандардот. Владата крати од граѓаните, за да си го зголеми луксузот“, рече Лукаревска.
Таа кажа дека клучни амандмани што СДСМ ги предлага:
-934 милиони денари за поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани
-60 милиони денари за реновирање на болницата во Кочани, 20 милиони за нова медицинска опрема
-Медицинска опрема, магнетни резонанци, дефибрилатори, вентилатори, боци со кислород и инсулин
-10% зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование
-Бесплатен превоз за ученици од рурални средини
-Зголемени стипендии и поддршка за студенти од социјално ранливи семејства
-Повеќе пари во инфраструктура: за нови училишта, патишта, канализации, здравствени установи, градинки, домови за стари лица, повеќе пари за Сојузот на борци.
„Ова се реални и одговорни предлози. За нив има пари – ако се скрати расипничкото трошење на Владата. Наместо папаја, манго и приватни авиони за функционерите, време е парите да одат кај народот“, нагласи Лукаревска.
СДСМ апелира до сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да ги поддржат овие амандмани.
„Ова не е момент за партиска калкулација, туку за солидарност, одговорност и праведност. Македонија заслужува повеќе!“, порача Лукаревска.