Македонија
(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија
Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за работа во лабараториите се примитивни и немаме средства за истражувачка работа, алармираа од Институтот за хемија на денешниот едночасовен мирен протест. Вработените и студентите од овој институт при Природно-математичкиот факултет бараат итно да се одобрат барањата за нови вработувања на млади соработници, бараат средства за реновирање и опремување на студентските лабаратории, како и за реновирање на зградата и во буџетот да се предвидат средства за научно-истражувачка работа.
Според Марина Стефова, раководителка на Институтот за хемија, нејасно е како може државата да стипендира магистерски и докторски студии на странските, а не и на универзитите во нашата земја.
„Веќе осум години не е добиена согласност за вработување асистент, а во меѓувреме се случуваат редовни пензионирања на професорите и лаборантите, кои се исто така неопходен дел од практичната настава. Проблемот низ бројки е многу јасно видлив: од вкупно 58 вработени во 2000 година (33 наставници, 11 асистенти и 14 лаборанти), во 2010 биле 44 (30 наставници, 4 асистенти и 10 лаборанти), денес на Институтот работат 24 вработени, од кои 20 наставници (15 редовни професори), 4 лаборанти и ниту еден асистент. Во исто време, бројот на студенти во последните десетина години нема битни промени и дури е во благ пораст со просечно 50 нови студенти на прв циклус студии секоја година и вкупно меѓу 250 и 300 студенти на сите три циклуси на студии“, рече Стефова.
Протестот го поддржаа околу 200 вработени и студенти, како и деканот на ПМФ, Ицко Ѓоргоски, и деканската управа.
Министерот за наука и образование, Арбер Адеми, го коментираше денешниот протест и рече дека за овој институт имаат доставено барање до Министерството за фианснии за нови вработувања за двајца асистенти и за тројца виши лаборанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

