Спорт
Македонските ракометари ремизираа со Италија на пријателска во Турција
Машката македонска ракометна репрезентација во турскиот град Есхишехир попладнево одигра нерешено во пријателски дуел против селекцијата на Италија 26-26. Нашите ракометари кои во Турција, во рамки на ЕХФ-неделата настапуваат во подмладен состав, вчера триумфираа на пријателски меч против домашната селекција со 26-23.
На денешниот натпревар, во првото полувреме двете селекции постојано беа на исто рамниште, па на пауза се замина со резултат 12-12.
Во вторите 30 минути Италијанците беа во позитива, на средината на полувремето имаа и +5, но нашите ракометари ја консолидираа играта и се изборија за реми.
Во нашата селекција најдобар стрелец беше крилото Мартин Поповски со 8 гола (го погоди и седмерецот за реми), а по четирипати прецизно стрелаа Пешевски и Танкоски.
На голот на Македонија со 10 одбранети удари се истакна голманот Мартин Томовски.
ЕХФ-неделата за нашата селекција сега продолжува во Скопје, а тука ракометарите ќе ги одмерат силите со селекцијата на Грузија.
Во Скопје се очекува на четата на Данило Брестовац да му се приклучат и носителите на играта Кире Лазаров, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бешикташ го размонтира Атлетик Билбао
Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао со 4:1 во Истанбул, во претпоследното коло од првата фаза во Лига Европа.
Ова беше и деби триумф на Оле Гунар Солскјер на клупата на Бешикташ.
Блескаше во тимот на Бешикташ Милон Рашица со два гола и асистенција.
Рашица ја искористи првата добра шанса во 17. минута. Тој одлично ја смести топката на додавањето на Силва и погоди од работ на шеснаесетникот.
Билбао лошо го започна натпреварот, но вториот дел од првото полувреме беше значително подобар за нив. Унаи Гомез ја круниса добрата игра во финишот на првото полувреме. Тој во 45. минута со волеј го совлада голманот на Бешикташ и го израмни резултатот.
Домашните влегоафуриозно во вториот дел. Шанси имаа Имобиле, Силва и Рашица, а крилниот напаѓач на Бешикташ ја искористи шансата во 60. минута и вторпат му донесе водство на својот тим.
Билбао мораше да напаѓа, а Бешикташ тоа знаеше да го казни. Силва погоди во 77. минута, а точка на натпреварот стави со гол од пенал Жоао Марио во 92. минута.
Бешикташ со овој триумф значително си ги зголеми шансите за пласман во плејофот, со девет бода е на 18. место, а во последното коло игра со Твенте. Од друга страна, Билбао останува втор со 16 бодови.
Спорт
„Шумарите“ ќе го урнат клупскиот рекорд – Куња пред трансфер во Нотингем Форест
Нотингем Форест ја игра најдобрата сезона во поновата историја на клубот. „Шумарите“ се изедначени на второто место во Премиер лигата, а нивната цел во јануарскиот преоден рок покажува дека се сериозни за останување меѓу најдобрите четири екипи.
Нотингем Форест го има еден од најдобрите напаѓачи во лигата оваа сезона според бројките. Крис Вуд блеска оваа сезона. Напаѓачот на Форест постигна 14 гола на 22 меча, а како што стојат рабтите тој наскоро ќе добие конкуренција.
Имено, Нотингем е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да се засили со Матеус Куња. Бразилскиот интернационалец не е задоволен од Вулвс, кој има големи проблеми и на резултатски и во клупски план. Вулверхемптон до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.
Нотингем Форест е подготвен да плати дури 60 милиони фунти за Куња. Според првичните информации, тоа би било доволно Вулверхемптон да го одобрат трансферот. .
Куња е во Волвс од почетокот на сезоната 2023/24, кога за нешто помалку од 50 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот договор истекува во јуни 2027 година.
Спорт
Кајл Вокер се сели во Милан
Кајл Вокер го договорил трансферот во Милан, тврди специјалистото за трансфери Фабрицио Романо.
Пеп Гвардиола неодамна потврди дека Кајл Вокер побарал да го напушти Манчестер Сити и како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Имаше различни приказни, медиумите ја споменуваа и Саудиска Арабија, но Вокер реши да остане во Европа. Тој ќе замине во Милано на позајмица, а италијанскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.
Според Романо, Милан во периодот на позајмица би ја покривал целата плата на Вокер, а доколку двете страни се договорат за продолжување на соработката, договорот ќе биде потпишан на три години.
Вокер освои 17 трофеи со Сити, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и една Лигата на шампионите. Тој во клубот пристигна од Тотенхем во 2017 година за 50 милиони фунти.