Спорт
Кјелини: Уште две години и доста е со фудбалот, нема да станам тренер
Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини, потврди дека нема да игра уште повеќе од две години и ја отфрли можноста да стане фудбалски тренер по крајот на кариерата.
35-годишниот Италијанец закрепнува од повреда на лигаментите на коленото и паузата го натерала да размислува за животот по фудбалот.
„Ќе играм уште две години, не повеќе. Би сакал да имам кариера како спортски директор, но со голема смиреност бидејќи мислам дека најголемата грешка за фудбалерите по пензионирањето, е да сметаат дека се веднаш подготвени за друга работа. Кога ќе сопреш, помеѓу 35 и 40 години, ако си среќен, мислиш дека знаеш многу за фудбалот. Но, кога ќе почнеш друга професија, некој друг 15 години работел на тоа. Но, не сум полуден за работата како тренер. Веќе не е доволно да поставиш добра тактика, туку мораш да си и психолог и мотивациски говорник. Не чувствувам желба за таква одговорност“, вели Кјелини во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Кјелини лани ја доби својата факултетска диплома по бизнис-администрација по што ги мотивира фудбалерите да размислуваат за професијата по крајот на фудбалската кариера.
Кјелини: Фудбалерите мора да учат повеќе и да завршуваат факултет
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шок во Сакраменто, Фокс ќе ги напушти Кингс
Диерон Фокс, како што стојат работите, наскоро ќе ги напушти Сакраменто Кингс.
Според добро информираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија, тимот од Калифорнија сака да го трејдува Фокс пред 6. февруари, последниот ден од преодниот рок.
Тој тврди дека голем број на тимови се заинтересирани за Фокс, но дека тој на ум го има летото 2026 година кога му истекува договорот и дека соодветно ја крои својата желба за следната дестинација.
Засега не се знае каде би можел да заврши Фокс, но може да се каже дека ова е вистински шок за фановите на Сакраменто кои во него гледаат како на прва ѕвезда на франшизата.
Фокс во НБА дојде од Универзитетот во Кентаки (каде играше за славниот Џон Калипари) во 2017 година кога беше петти пик на драфтот и беше избран од Сакраменто Кингс.
Спорт
(Видео) Лука Карабатиќ го расплака Египет – Франција избори полуфинале на СП
Франција во драматична завршница го победи Египет со 34:33 (18:14) и се пласира во полуфиналето на 29. Светско првенство во ракомет. Херој на Франција е ветеранот Лука Карабатиќ, кој голот за победа, инаку него единтвен на мечот го постигна на две десетинки до крајот.
Франција, актуелен европски првак, многу потешко од очекувањата успеа да го победи африканскиот шампион Египет.
Првиот дел Французите рутински го одиграа, најчесто имаа предност од два гола, а откако Египет успеа да изедначи, во последните две минути експресно постигнаа четири гола и со 18:14 заминаа на полувреме.
Имаа Французите предност од пет гола во вториот дел 19:15 и 24:19 и тука застанаа, како да ги потценија фанатично борбените Египќани.
Египет успеа да се врати во мечот, а драмата практично започна кога упсеа да изедначи. Во последните 15 минути се играше по принципот „гол за гол“.
Франција во последните две минути, по двата гола на Дика Мемвлезе со предност од два гола, но Египет повторно се врати. Драмата кулминираше во последната минута Ремили погоди за предност на Франција, а Јахија Омар на четири секунди до крајот го изедначи резултатот. Следуваше брз пренос на топката, а Карабатиќ од центарот на игралиштето погоди за победа на „триколорите“.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Мем и Ремили со по шест гола ја предводеа Франција, гол помалку постигна Мин. На спротивната страна играчот на натпреварот Хешам постигна осум, а Јахија шест гола.
Франција во полуфиналето ќе игра против Хрватска, натпреварот ќе се одигра во четврток.
Спорт
Јуанјтед се засили со играч на Лече
Манчестер јунајтед го договори првото засилување во зимскиот преоден рок. На „Олд Трафорд“ од Лече ќе се пресели Патрик Доргу.
Менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим инсистираше на трансферот на левиот бек.
Вредноста на трансферот не е објавена, но се претпоставува дека Јунајтед ќе плати 35 милиони евра.
Оваа сезона 20-годишниот фудбалер одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола и забележа една асистенција.