Спорт
Вајлдер: Се плашам дека ќе убијам некого во рингот
ВБЦ-шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, вели дека дури и самиот понекогаш се плаши од својот моќен удар бидејќи стравува дека може да убие некој противник во боксерскиот ринг.
Оваа тема се наметна бидејќи оваа година дури четири боксери го загубија животот поради повреди во рингот – Американецот Патрик Деј, Русинот Максим Дадашев, Аргентинецот Хуго Сантилјан и Бугаринот Борис Станчов.
Вајлдер, кој има 39 нокаути во 41 професионален меч, претходно изјавуваше дека сака да има тело зад себе и сега вели дека е исплашен за своите ривали при секое влегување во рингот, иако додава дека фановите сакаат да гледаат нокаути.
„Секогаш велам дека го ризикуваме животот кога влегуваме во рингот за некој друг да се забавува. Тоа е коцката што мораш да ја прифатиш. Секој сака да гледа како некој е во нокаут. Трагедиите се случуваат, но токму поради тоа, овој спорт е возбудлив, луѓето знаат дека можеш да умреш во рингот. Да, и јас се плашам бидејќи моите удари не се контролираат“, вели Американецот во интервју за „Сан“.
По некои кампањи за целосна забрана на професионалниот бокс, Вајлдер, кој има четири деца, вели дека човек мора да си ја обезбеди иднината на своето семејство.
„Не слушам, не гледам. Немам чувства за луѓето што не разбираат. Мене не ми е грижа, јас сум добар и имам обезбедено за моето семејство“, изјави Вајлдер.
Следен меч за шампионот е против Кубанецот Луис Ортиз на 23 ноември во римеч од дуелот од март 2018 кога го нокаутира во 10. рунда.
Вајлдер како Иван Драго пред мечот со Брезил: Ако умре, умре…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

