Европа
Самитот во Астана нема да се одржи зашто нема напредок во примената на договорот од Минск
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/urkaina20tenkovi.jpg)
Украина, Русија, Германија и Франција се откажаа од плановите за одржување на самитот во ткн „нормандиски формат“ за ставање крај на судирите во Украина, кој требаше да се одржи во четвртокот во казахстанската престолнина Астана, поради изостанувањето на напредок во примената на договорот за прекинот на огнот постигнат на почетокот од септември минатата година во белоруската престолнина Минск.
Имајќи предвид дека во Украина продолжуваат меѓусебните обвинувања за прекршувањето на примирјето и крвопролевањата, се’ уште нема сигнали за нов состанок на големите европски сили.
Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика челниците на Русија, Германија и Франција на преговори за запирање на судирите во југоисточна Украина во казахстанскиот главен град Астана. Самитот требаше да се одржи во четвртокот. Меѓутоа, по средбата во Берлин која траше повеќе од четири часа додоцна во ноќа кон втроникот, претставниците на министерствата за надворешни работи на четирите земји изјавија дека фактот што примирјето не е во целост спроведено, како ниту договорот за тоа како ќе се испорачува хуманитарната помош и ќе се ослободат сите затвореници, значи дека пред одржувањето на самитот треба да се завршат уште многу работи.
„Различните ставови укажаат на тоа дека е тешко да се постигна напредок кон политичкото решение или самитот во Астана. Од тој состанок се очекува многу и мора да биде добро подготвен“, изјави за медиумите во вторникот германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер.
Неговиот руски колега Сергеј Лавров, пак, изјави дека сите челници се согласуваат дека одржувањето на самитот би било можно кога сите би се придржувале до прекинот на огнот./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Човекот што најверојатно ќе го наследи Шолц: Ова повеќе не е Америка што ја знаеме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/merc-tramp.jpg)
Фридрих Мерц (ЦДУ), конзервативниот фаворит за нов германски канцелар, изрази загриженост за насоката во која се движат САД во вториот мандат на Доналд Трамп, пишува Политико.
Германскиот кандидат за канцелар во средата вечерта се обрати пред насобраните на митингот во Синген, истакнувајќи дека промените во американската администрација се загрижувачки. „Ова повеќе не е Америка што ја познававме“, рече Мерц, мислејќи на големите кадровски и институционални промени во администрацијата на Трамп.
„Начинот на кој се менуваат функционерите, начинот на кој се менуваат структурите на Министерството за правда и државните обвинителства, начинот на кој масовно се делат помилувањата на луѓето осудени на повеќегодишни казни – сето тоа ќе има последици за Америка“, предупреди Мерц.
Предупредувањата на Мерц доаѓаат во време на масовни отпуштања и намалувања во американската администрација, како и во секторот за странска помош, откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател. Неговата администрација испрати масовни мејлови до вработените во владините институции нудејќи им „одложени оставки“, отстрани неколку федерални инспектори и отпушти десетици обвинители поврзани со гонење случаи поврзани со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Дополнително, САД ја замрзнаа странската помош и најавија планови за ставање на речиси сите вработени во американската Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) на платен одмор.
Трамп, исто така, најави амбиции да ја преземе контролата врз Појасот Газа, Гренланд и Панамскиот канал, не исклучувајќи ја можноста за употреба на воена сила.
Европа
Русија врати осум киднапирани деца во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/deca-s.jpg)
Осум украински деца кои беа насилно одземени од нивните семејства се вратени дома, изјави висок украински функционер. Децата биле земени од нивните семејства од страна на официјални лица на полуостровот Крим, кој е под руска контрола и сместени во државни сиропиталишта.
Дарина Заривна, советничка на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека децата биле однесени додека биле на лекување во болница. Таа вели дека биле подложени на малтретирање во сиропиталиште и биле принудени да учествуваат во проруски вежби, како и дека биле принудени да ракуваат со оружје и да се подготвуваат за војна. Децата беа спасени како дел од програмата „Врати ги децата“. Заривна не соопшти детали за тоа како биле спасени децата и каде се сега.
„Нивната приказна е пример за систематската суровост на окупаторите. Тие беа насилно одземени од нивните мајки додека беа во болница. Сето ова е дел од политиката на Русија насочена кон уништување на украинскиот идентитет“, напиша Заривна на Телеграм.
Украина вели дека повеќе од 19.500 деца биле однесени во Русија или на територијата окупирана од Русија без согласност на нивните семејства или старатели за време на војната, нарекувајќи ги киднапирањата воено злосторство што ја исполнува дефиницијата за геноцид според договорот на ОН.
Европа
Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин за завршување на војната, проблемот е што тој се плаши
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zelenski-putin1.jpg)
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговараат за политичките и дипломатските начини за ставање крај на војната, јавува агенцијата Анадолија.
Говорејќи на прес-конференција во Киев по состанокот со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, Зеленски го обвини Путин дека „се плаши да разговара“ со него за завршување на војната.
„Американскиот претседател Доналд Трамп и земјите од Европската унија веруваат дека дипломатијата е невозможна без Русија, без Путин. Затоа реков дека сум подготвен ако можеме да се договориме како ќе заврши оваа војна. Подготвени сме за дипломатија, тука немам проблем со тоа. Проблемот е што ми се чини дека Путин всушност се плаши да разговара со мене“, рече Зеленски.
Во врска со украинскиот декрет за забрана на какви било мировни преговори со Русија додека Путин е нејзин претседател, кој Зеленски го потпиша во 2022 година, украинскиот лидер тврди дека тоа не се однесува лично на него.
Тој ги коментираше извештаите во медиумите за американскиот план за ставање крај на војната во Украина.
„Сигурен сум дека нашите тимови ќе работат заедно. Не може да има друг план“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Киев размислува за официјални контакти со Вашингтон, вклучително и мировен план.
Размислувајќи за неговиот состанок со Рено-Басо, Зеленски рече дека разговарале за финансиската помош на Европската унија за Украина.
Рено-Басо рече дека банката и обезбедила на Украина финансиска помош во вредност од 6,2 милијарди евра од 2022 година и планира да продолжи да инвестира во енергијата и во приватниот сектор.