Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Погубните политики и расипништвото на власта ги потврди и Светската банка

Објавено пред

Криминално-рекетарската Влада на Зоран Заев ја води Македонија кон целосен економски колапс. Сите економски параметри укажуваат дека економијата тоне и дека СДСМ и Заев ја носат државата во бездна, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Погубните политики и расипништвото на власта ги потврди и Светската банка, во чиј извештај ‘Дуинг бизнис’ за само една година Македонија има пад од седум места. Извештајот докажува дека Владата на СДСМ создава негативна клима за водење бизнис. Светската банка го потврди истото што пред неколку месеци го нотираа над 200 германски инвеститори во државата, кои со нула ја оценија работата на Владата во економијата. Тоа е така затоа што Владата на Заев, наместо да ги стимулира бизнисмените, таа ги рекетира.

Впрочем, во тоа се увери целата јавност, која знае дека лично Заев е главата на октоподот, кој преку Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец стои зад најголемиот скандал во поновата историја, случајот „Рекет“. Додека Заев го интересира колку ќе рекетира од бизнисмените во државата и колку ќе ги прошири фамилијарните компании, граѓаните гладуваат. Поради криминалот на Заев, повеќе од 500.000 граѓани во Република Македонија се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат.

Граѓаните живеат во сиромаштија затоа што единствени проекти кои ги работи власта се како Заеви да ги зголемат бизнисите со марихуана и како функционерите до Заев ќе добијат некој нов тендер или грант, а се друго стагнира, не се работи на ниту еден развоен проект. Капиталните инвестиции кои можат да донесат некаков развој, се стопирани и тапкаат во место. СДСМ бележи најниска реализација на капитални инвестиции која за 9 месеци годинава изнесува мизерни 32,2 проценти од тоа што самите го планирале дека ќе го сработат.

Вакви катастрофални резултати државата има во сите области. Здравството се распаѓа, земјоделието опустошено, а образованието е деградирано. Целата држава е уништена како резултат на криминалот, корупцијата и рекетот на Зоран Заев и СДСМ. Ужасот и бедата кои ги донесоа СДСМ и Зоран Заев завршуваат на 12 април, на предвремените парламентарни избори кога овие криминалци ќе бидат пратени на темната страна на политичката историја и ќе започне обновата на Македонија“ се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

Porsche го претстави најмоќниот 911 Carrera S

Објавено пред

Porsche го додаде новиот Carrera S во понудата на модели 911. Со своите 353 kW (480 КС),

dobivaj vesti na viber

3.0-литарски боксер мотор со турбополнач и подобрена стандардна опрема, се сместува помеѓу 911 Carrera и 911 Carrera GTS. Со подобрени перформанси и динамика на возење, тој значително го надминува својот претходник. Значајната надградба на моќноста и опциите за дополнителна опрема нудат значителна додадена вредност во споредба со 911 Carrera.

Porsche повторно го лансира 911 Carrera S. Во рамките на моделската линија на Carrera, јазот помеѓу 911 Carrera и911 Carrera GTS T-Hybrid е начително намален. Неговиот погон е суштински надграден и сега постигнува нивоа на перформанси кои претходно беа резервирани за 911 Carrera GTS од претходната генерација. Дополнително, продолжениот список на стандардна опрема и значително зголемените опции за дополнителна опрема во споредба со 911 Carrera го прават атрактивен нов член на семејството на модели на Carrera. Спортскиот автомобил е достапен во верзии Coupé и Cabriolet.

Иконскиот 3,0-литарски твин-турбо боксер мотор со шест цилиндри е фундаментално надграден во новиот 911 Carrera S. Резултатот е значително зголемување на моќноста со истовремено намалување на емисиите. Неговата моќност од 353 kW (480 КС), со вртежен момент од 530 Nm, претставува зголемување од 22 kW (30 КС) во споредба со неговиот претходник. За да се постигнат овие зголемени перформанси и ефикасност, Porsche постави нови турбополначи и со големо оптимизирање на ладењето на воздухот. Новиот спортски автомобил сега се базира на дизајнот на моделите 911 Turbo од претходната генерација. Carrera S Coupé забрзува од нула до 100 km/h за 3,3 секунди и достигнува максимална брзина од 308 km/h. Осумстепен Porsche менувач со двојна спојка (PDK) ја пренесува силата на тркалата.

Проширена листа на стандардна опрема со ексклузивни опции

Porsche значително ја надгради стандардната опрема во Carrera S, која вклучува нови фелни Carrera S од 20/21 инчи, спортски издувен систем со издувни цевки во сребрена боја и Porsche Torque Vectoring Plus (PTV+). Новиот систем за сопирање претставува значитечно подобрување во односот на динамиката на возењето. Системот, познат од 911 Carrera GTS и стандардно доаѓа со црвени шепи на сопирачките и дискови со димензии од 408 милиметри напред и 380 mm назади, со што се обезбедува извонредно запирање.

Достапни се дополнителни опции за подобрување на перформансите како карбон-керамички сопирачки (PCCB) и спортската суспензија PASM, која се одликува со 10-милиметри помала висина на возење во комбинација со управување на задните тркала. Хидрауликата на амортизерите е оптимизирана во споредба со претходникот, обезбедувајќи уште подобрени возни карактеристики со зголемена прецизност и рафинирана реакција. Управувањето, во комбинација со управувањето на задната оска, е подиректно, а прецизноста на предната оска е дополнително прилагодена. Ова обезбедува уште поагилно и директно управување, а истовремено значително ја зголемува стабилноста при големи брзини.

Елегантна внатрешност

Врвните стандарди за квалитет и ексклузивност во Carrera S се подеднакво забележливи и во внатрешноста. Стандардно доаѓа со кожен пакет во црна боја. Седиштата, потпирачите за глава, контролната табла, панелите на вратите и опционалниот систем на задните седишта во Coupé се обработени со мазна кожа. Како и кај останатите варијанти на Carrera, преклопните задни седишта се достапни без дополнителни трошоци како алтернатива на стандардниот распоред со две седишта.

Достапна е и опција со уште пообемна употреба на кожа во внатрешноста, која покрива големи површини – вклучувајќи ја фиоката пред совозачот, страничните панели и задниот дел на седиштата. На барање, Porsche додава контрастни шевови во Crayon. Во целата понуда на опрема, Carrera S добива надградената стандардна опрема што се наоѓа во целата серија модели. Ова вклучува Matrix LED фарови и безжичен полнач за паметни телефони. Опциите вклучуваат систем за подигнување на предната оска, иновативните HD-Matrix LED фарови и пакетот Sport Chrono, вклучувајќи ја апликацијата Porsche Track Precision, која е идеална за деновите на патеката.

Новата 911 Carrera S сега е достапна за нарачка како Coupé и Cabriolet со погон на задните тркала.

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Огништа од БРАКО за вечерните забави на „Винтерфест“ во Велес

Објавено пред

Фабриката БРАКО обезбеди огништа за забавите во вечерните часови на манифестацијата Винтерфест, која во изминатите денови се одржува во Младинскиот парк во Велес, во организација на општината, како дел од предновогодишната атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Одличната забава на велешани БРАКО годинава ја направи потопла, преку специјално изработени огништа кои општинските служби соодветно ги распоредија низ паркот, а на кои постителите од сите возрасти можеа да се згреат додека ги следат музичките настапи, пијат чај, се сликаат со Дедо Мраз и се забавуваат.

БРАКО редовно ги поддржува сите настани во Велес, помага на општината за инфраструктурни проекти, поттикнува индивидуални акции и покажува општествена одговорност кон градот од чие население доаѓаат најголемиот број вработени во фабриката

ПР објава

Прикажи повеќе...

Соопштенија

„Окта“ продолжува со традиционалната новогодишна донација за поддршка на соседните училишта

Објавено пред

Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на електричната енергија.

dobivaj vesti na viber

„Остануваме посветени на нашата заложба да даваме континуирана поддршка во образованието и развојот на идните генерации, преку подобрување на нивните услови за учење. Овие празници ги израдувавме дечињата со новогодишни пакетчиња, додека со донацијата на агрегатот за струја веруваме дека ќе овозможиме континуитет во спроведувањето на наставата, што претставува предизвик особено во зимските месеци“, изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

Оваа предновогодишна донација е дел од континуираните општествено одговорни активности на ОКТА насочени кон образованието и унапредувањето на условите за учениците во локалната заедница, кои оваа година вклучија донација на две фотоволтаични централи во училишта во Велес и Гевгелија, донација на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на училишта во Центар и спроведување на кампања за сообраќајна едукација на најмладите како дел од платформата на ОКТА „Јас Внимавам“.

Директорот на централното основно училиште „Браќа Миладиновци“, Дарко Петковски, му се заблагодари на тимот на ОКТА за поддршката. „Оваа донација значително ќе го подобри функционирањето на нашето училиште, особено во услови кога е неопходна дополнителна енергетска сигурност. Пакетчињата пак им донесоа голема радост на нашите најмлади ученици, кои секогаш се радуваат на ова убаво празнично изненадување“, рече Петковски.

ОКТА продолжува со својот ангажман во поддршката на локалната заедница, насочувајќи ги вложувањата кон образованието, младите и нивниот просперитет.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија2 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија3 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет3 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет3 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ3 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет13 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет14 часа

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија18 часа

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија19 часа

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија22 часа

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија23 часа

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија23 часа

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија23 часа

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија24 часа

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет1 ден

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет1 ден

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет1 ден

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет1 ден

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...