Црна хроника
„Бегајте назад, оти ќе ве убијам“ – сведоци за блиската средба со човек со пушка кај Смилковци
Сведоци на обвинителството во случајот „Монтрум“, кои ловеле риба на Смилковското езеро велат дека на денот на петкратното убиство пред нив излегол човек со пушка и им рекол „Бегајте назад, оти ќе ве убијам“.
Според исказот на првиот сведок, Ахмед Бекир, кога отишле на Смилковското езеро околу 16 часот да ловат риба, дошле три-четири момчиња со бел автомобил и им побарале леб за и тие да ловат риба. Сведоците им дале леб, а потоа момчињата заминале во непознат правец. По неколку часа, кога заминувале кон дома, на земјениот пат кај кривината кај Смилковското езеро ги пресретнал човекот со пушка во рацете, кој прво ги прашал како се викаат, а потоа им рекол „Бегајте назад, оти ќе ве убијам“.
Кога се вратиле назад, слушнале истрели еден по друг и го виделе белиот автомобил и мртвите момчиња.
Според исказот на вториот сведок, Несим Ќемал, човекот им се преставил како полицаец, а зад него имало уште три-четири лица кои исто како и непознатото лице со пушка биле облечени во темна облека. Човекот со пушка имал панцир на себе, а за останатите сведокот не можеше да потврди дали носеле панцири.
Пред да се појави човекот со пушка, сведокот видел уште едно возило, паркирано кај ткн. Втора плажа кај езерото, кое според него, било сива боја. На местото каде што биле убиени момчињата, сведокот тврди дека имало уште три-четири други рибари, но со нив сведоците немале никаков контакт.
Еден од адвокатите ги повика сведоците да кажат дали меѓу обвинетите го препознаваат човекот со пушка што ги пресретнал, на што сведоците одговорија дека не можат да кажат дека некој од обвинетите бил токму човекот со пушката.
Распитот на сведоците продолжува. /крај/ач/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

