Македонија
МТСП: Неколкукратно зголемен буџетот за превенција и заштита од семејно насилство
Имплементацијата на постојниот Законот за превенцијата, спречувањето и заштитата од семејното насилство беше тема на дискусија на јавна расправа, која денеска се одржа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието.
Претставничката од Министерството за труд и социјална политика, Софија Спасовска, во своето поздравно обраќање истакна дека Министерството за труд и социјална политика направило повеќе чекори со кои се подобрува положбата на жените во општеството. За таа цел, посочи Спасовски, неколкукратно се зголемени и средствата во буџетот наменети за давателите на услуги. За 2019 година се предвидени 6,4 милиони денари, а во 2017 година биле предвидени само 1 милион денари.
„Во 2018 година Северна Македонија ја ратификува Истанбулската конвенција по што го усвои акцискиот план за нејзино спроведување за период до 2023 година. Тука се предвидени конкретни активности, а посебен фокус во имплементацијата на акцискиот план е во националната легислатива и развивање специјализирани сервиси за жртви на родово базирано насилство. За да ја имплементираме Конвенцијата, истовремено развиваме и услуги. Имаме кризен центар во Скопје со престој 24/48 часа, СОС-линија, 5 специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, а годинава, во согласност со акцискиот план, се воспоставени 8 сервиси во планските региони. До крајот на годината е предвидено отворање уште два сервиса. До крајот на годината предвидено е отворање специјализирани сервиси во сите плански региони на територијата на државата. Досега се воспоставени 8 сервиси, а до крајот на 2019 ќе бидат отворени уште два“, рече Спасовска.
Спасовска потенцира дека во тек е изработка на нов закон со кој ќе бидат опфатени сите форми на насилство врз жената и дека за него набргу ќе бидат отворени јавни дебати.
Покрај претставничката од Министерството за труд и социјална политика, на јавната расправа воведно обраќање имаше и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, Росана Дуџак, постојана координаторка на ОН во Република Северна Македонија, и претставник од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

