Црна хроника
Со звучно-сигнален пиштол ограбил финансиски фирми во Скопје
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице што се товари дека извршило две кривични дела разбојништво.
Според информациите, обвинетиот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М кеш“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома бјанка“ и со звучно-сигнален пиштол „екол“ ѝ се заканил на вработената. Потоа се упатил зад работното биро и од фиока го одзел дневниот промет од 21.400 денари, па го напуштил местото.
На 8 август на сличен начин влегол во просториите на финансиското друштво „Тиго фајнанс“ на улицата Ѓорче Петров, го извадил сигналниот пиштол, го репетирал и им се заканил на две вработени кои во моментот биле во објектот. Притоа одзел 242.600 денари со намера противправно да ги присвои.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, пронајдена дрога
Вчера во 14:30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е 34-годишниот Ј.С. од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При преглед кај Ј.С. пронајден е кокаин. По целосно документирање на случајот против Ј.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против него е поведена постапка за дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383.
На 21 декември во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Градскиот парк, осомничениот нападнал полицаец кој се обидел да го легитимира. Со удари со тупаници му нанел телесна повреда на полицаецот, а потоа бил совладан и кај него бил пронајден полуавтоматски пиштол “Глок” со калибар 9мм Para, како и две рамки со 30 куршуми за тој пиштол.
Откако беше утврдено дека странскиот државјанин престојува во хостел во Скопје, јавниот обвинител обезбеди наредба за претрес и во собата во која престојувал осомничениот исто така било пронајдено поголемо количество оружје и муниција – уште еден пиштол “Глок”, три рамки со по 15 куршуми, дополнителни 75 куршуми во зипер ќеси, комплет за чистење оружје, три ножа, како и други предмети – фантомка, тактички ракавици, бандажери за раце, сајли за врзување, усб и хартиени документи, за кои е издадена наредба за вештачење, извести Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои реална опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и сведоците и да ги прикрива доказите, како и опасност да изврши друго кривично дело.
Црна хроника
(Фото) Уапсени три девојки поради тешка кражба во Гостивар: украле пари и златен накит во вредност од речиси 65.000 евра
На 20.12.2025 во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар. Подоцна, од слобода била лишена и Н.И.(24) од Тетово.

Истиот ден, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.З., при што биле пронајдени и со потврда одземени поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Приведените лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.


