Европа
Контроверзен германски политичар силувал и убил маж, а потоа се самоубил
Познатиот по скандали контроверзниот берлински политичар, пратеник во покраинскиот парламент на германската престолнина Берлина од Пиратската партија, Гервалд Клаус-Брунер, се убиле во својот стан, откако силувал и убил маж, објави во вторникот во своето интернет издание магазинот Bild повикувајќи се на правосудни извори.
Според весникот, безживотните тела на двајцата мажи биле пронајдени во понеделникот, ден по неделните избори за Сенатот на градот – сојузна покраина Берлин, на коишто Пиратите освоија доживеаја голем неуспех освојувајќи само 1,7 отсто од гласовите, со што не го минаа изборниот праг за добивање мандати.
Засега берлинската полиција не објавува поединости од инцидентот. Се очекува дека официјално соопштение ќе биде објавено подоцна во вторникот или во средата претпладне.
Четириесет и четиригодишниот Клаус-Брунер се истакнуваше меѓу своите сопартијци со огромниот раст и по навиката да носи шамија на главата.
Од партијата, по неговата смрт којашто правосудните органи прелиминарно ја квалификувале како самоубиство, соопштија дека тој бил болен од неизлечива болест, од која страдале повеќе органи и оти му престанувале најмногу две години живот. Меѓутоа, и оваа информација се смета за контроверзна или измислена.
Соговорници на Bild, исто така, рекле дека политичарот требало да биде подвргнат на психолошки третман и оти тие добиле допис од него од кој се заклучувало „дека тој повеќе не жив“.
Весникот пишува дека неговата жртва била 29-годишен поранешен негов соработник, а од електронската комуникација иследниците дознале дека меѓу нив била договорена неформална средба.
Според првичните наоди, жртвата била убиена неколку дена порано во нејзиниот стан, а била принајдена соблечена, врзана со кабли и силувана, а потоа пренесена во станот на политичарот./крај/мф/сн
Извор: Bild
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

