Спорт
Судијката му даде жолт картон на Кака за да побара селфи со него (видео)
Поранешната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид, Кака доби еден навистина необичен жолт картон, откако на добротворен меч судијката прво му го покажа картонот, по што веднаш побара селфи со него.
38-годишниот Кака се пензионираше пред две години по три години во американскиот Орландо сити, но во блескавата кариера никогаш не добил почуден картон од тој во дуелот на легендите на Бразил со легендите на Израел.
Во бразилскиот состав имаше неколку легендарни имиња како Роналдињо, Роберто Карлос и Кафу, но Кака очигледно предизвика најголемо внимание – при 3:2 водство на Бразил, судијката го сопре мечот кога Кака беше во средината, по што зачудувачки му покажа картон, пред да го побара селфито. Инаку, Бразил победи со 4:2.
Nothing to see here. Just a referee showing Kaka a yellow card before taking a selfie with him. ?pic.twitter.com/k3lUHJXd9N
— Football HQ (@FootbaII_HQ) October 29, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.
Спорт
Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ: Плутократо е.и се
Фудбалерите на Баерн, во Минхен го победија Пари Сен Жермен (1:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Пред почетокот на натпреварот на мета на домашните навивачи беше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи.
Навивачите на Баерн на една од трибините истакнаа транспарент со порака:
„Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација сè во едно?“, пишуваше на еден транспарент.
На вториот истакнаа уште една порака:
„Фудбал, тоа сум јас? Е.и се плутократо Ал-Келаифи“.
Арапскиот милијардер на чело на ПСЖ, исто како и сопствениците на Манчестер сити и некои други новоформирани богати клубови, не се по вкусот на навивачите на клубовите со голема традиција.