Спорт
Поранешната НБА-ѕвезда Стадемаер не се откажува, ќе игра за кинескиот Фуџијан

Поранешната НБА-ѕвезда Амаре Стадемаер својата кариера ќе ја продолжи во Кина, откако поптишал богат договор за Фуџијан стасрџинс, јавува „ЕСПН“. 36-годишниот ветеран од 2016 година играше во израелскиот клуб Хапоел Ерусалим, а летово имаше неуспешен обид да се врати во НБА-лигата.
Сезоната во Кина завршува во февруари или март, така што Стадемаер се надева дека по авантурата би можел да се врати во НБА.
Стадемаер има 14 НБА сезони за тимовите на Феникс санс, Њујорк никс, Далас маверикс и Мајами хит, а шест пати играше на НБА Ол-стар мечот. Тој имаше просек од 18.9 поени по натпревар и 7.8 скокови.
Тој не е првиот поранешен НБА-кошаркар кој игра во Кина, бидејќи таму се и Ерик Грин, Тај Лосон, Ленс Стивенсон и Џереми Лин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.