Европа
Отворени шест командни центри НАТО на источното крило
Шест командни центри на НАТО на неговото источно крило од вторникот се во функција, потврдија од седиштето на Алијансата во Брисел, пренесе агенцијата DPA и потсетува дека станува збор за синџирот командни центри формирани против наводната закана од Русија.
Центрите се во Полска, Романија, Бугарија, Латвија, Литванија и Естонија, и треба да ја претставуваат врската меѓу НАТО и вооружените сили на овие поранешните комунистички земји и членки на Варшавскиот пакт, на границите кон Русија.
„Почнаа со работа, но сé уште не со целосен капацитет“, изјавил за агенциите еден од портпаролите на НАТО.
Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во четврток би требало да присуствува на свеченоста на отворањето на командниот центар во Литванија, при посетата на оваа балтичка земја.
Одлуката за воспоставување на ткн интеграциски единици на НАТО беше донесена на самитот во Велс ланскиот септември. Во целост ќе бидат во полна функција до следниот самит во Варшава во јули 2016 година.
Во секој команден центар во шесте источноевропски земји ќе има по 40 воени лица од земјите членки на НАТО. Столтенберг, покрај оваа соработка, бара од членките на НАТО во контекстот на актуелната конфронтација со Русија, да ги зголемат издвојувањата за одбраната./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Семејствата во Италија ќе потрошат 25 милијарди евра за претстојниот Божиќ
Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25 милијарди евра за подароци за ставање под дрвото, купување храна, ручеци и вечери во ресторани и патувања, според италијанскиот Здружение за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.
Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра, пренесе Анса.
Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, па дури и секое друго купување ќе се врши со попуст.
За традиционалната вечера и ручек ќе се потрошат над три милијарди евра со оглед на високите цени на прехранбените производи.
Во декември во Италија путерот поскапе за 20 отсто, кафето за 13,3 отсто, маслиновото масло за 9,7 отсто, доматите за 23,7 отсто, а чоколадото за 8,5 отсто.
Во споредба со минатата година, традиционалниот колач панетоне поскапе за четири отсто, а просечната цена во главните трговски синџири се движи меѓу пет и седум евра.
Панетонот во приватните слаткарници е значително поскап, просечните цени се движат од 30 до 35 евра, но и до 60 евра доколку е „потпишан“ од познати готвачи.
Кога станува збор за чоколадните божиќни десерти, тие поскапеа за 30 отсто.
Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува Kodacons, ќе потрошат 12,7 милијарди евра.
Европа
Орбан: Одложете ја одлуката за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на Трамп
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Европската унија во Брисел изјави дека „се уште треба да размислува“ за продолжување на санкциите против Русија, кои истекуваат на крајот на јануари, објави денеска „Еуроњуз“ на унгарски јазик.
Орбан им порача на другите шефови на држави или влади на самитот во Брисел дека не сака да донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија до инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на 20 јануари, потврдија повеќе учесници на самитот во Брисел.
Доколку Унгарија не се согласи на продолжување на санкциите на ЕУ, тие истекуваат на 31 јануари, пренесува Танјуг.
Ова би влијаело на опсежните економски и финансиски санкции против Русија, како и симболични санкции против повеќе од 2.000 поединци и компании, пишува Шпигел.
Меѓу санкционираните од ЕУ, поради рускиот напад на Украина, се водечки руски политичари како претседателот Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, како и многу олигарси како Роман Абрамович.
Трамп постојано тврдеше дека може да стави крај на руската војна против Украина за краток временски период.
Европа
(Фото) Нови ракетни напади врз Киев: гори главниот град на Украина
Најмалку седум лица се повредени во денешниот руски ракетен напад врз Киев, главниот град на Украина, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Во нападот беа оштетени бројни згради, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари низ градот, изјави шефот на воената администрација на Киев, Сергеј Попко.
Украинската воздушна одбрана дејствува поради ракетниот напад врз Киев, објавија претходно локалните власти и воздухопловните сили.
Како што беше објавено, прогласена е воздушна тревога на целата територија на Украина поради ракетната закана, наведува украинската агенција.