Регион
Владата во Тирана даде зелено светло за новата територијална поделба

Албанскиот министер за локална самоуправа, Бленди Чучи соопштил дека варијантата за основање на 61 локална единица во земјата добила поддршка од Владата на Еди Рама и предлогот наскоро ќе се најде на усвојување во Собранието.
Албанскиот министер за локална самоуправа, Бленди Чучи соопштил дека варијантата за основање на 61 локална единица во земјата добила поддршка од Владата на Еди Рама и предлогот наскоро ќе се најде на усвојување во Собранието.
Според Чучи, од вкупно 61 локална единица, три се единици на малцинствата, но притоа не дал објаснувања за кои малцинства станува збор.
Македонците и Грците во Албанија се против оваа варијанта која е усвоена од страна на Владата. Партијата на Македонците во Албанија –Македонска Алијанса за Европска Интеграција, како и здруженијата на Македонците оваа варијанта ја оценија како неприфатлива, бидејќи со неа како локална единица за македонското малцинство е дадена само општината Пустец , но не и општините во останатите областите каде живее македонското малцинство, односно во Гора и Голо брдо.
Реакции упатило и грчкото малцинство во земјата, односно партијата за Човекови права нагласила дека со оваа финална варијанта се кршат човековите права на грчкото малцинство во некои општини во јужна Албанија./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Регион
Автобус со работници се преврте кај Сремска Митровица, има жртви

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:30 часот на излезот од Сремска Митровица, кај поранешната фабрика „Матроз“, кога автобус на „Сирмиумбус“ што превезувал работници од фабрика се превртел на кров, јави Нова.рс.
Според првичните информации, најмалку две лица загинале, а повеќемина се повредени и се пренесени во Општата болница во Сремска Митровица. На местото на несреќата се полицијата и противпожарните служби, а сообраќајот е блокиран поради увидот.
Фотографии од местото на настанот покажуваат долги колони возила на патот Сремска Митровица – Јарак. Истрагата за причините е во тек.
Регион
(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.
View this post on Instagram
Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.
„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.
На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.
фото: принтскрин