Црна хроника
Запленети рачни часовници и фудбалски топки
На 22 ноември 2013 година во Скопје царински инспектори од специјалните тимови заплениле 1210 рачни часовници и 1070 фудбалски топки.
На Царинска испостава Скопје 2, во петокот, за увозно царинење на разна стока со потекло од Кина, се пријавила фирма увозник од Скопје, а стоката била натоварена во камион со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на фирма превозник од Гевгелија.
При контрола на камионот од страна на Царински инспектори од мобилните тимови, помеѓу пријавената стока откриени биле 1070 парчиња фудбалски топки и 1210 парчиња рачни часовници, сите со лого на заштитени трговски марки за кои постои основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
Стоката била со фактурна вредност од 20.482 денари, но доколку истата би се продавала како оригинал во малопродажба би достигнала вредност и од околу 9 милиони денари.
Стоката е привремено задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

