Спорт
Скандал во Бар, навивач влета на теренот и го удри Боутрајт (Видео)
Бизарен инцидент се случи во самиот финиш на натпреварот во Бар помеѓу Морнар и Цедевита Олимпија. За екипата од Љубљана ова беше прв пораз во сезоната.
Во финишот на натпреварот бекот на Цедевита Олимпија го навлече гневот на домашните навивачи, а еден од нив тргна и физички да се пресмета со него.
Доцифрена предност има домаќините во последниот напад Џејкоб Пулен чекаше да истече времето, кога Рајан Ботрајт му ја украде топаката, а потоа жестоко ја заби во кошот.
Публиката реагираше, а еден од нив влезе на теренот и со пластичен предмет се чини дека го закачи Американецот по главата кој пото сакаше и физички да се пресмета со него.
Инаку натпреварот заврши со победа на Морнар 77:70.
Skandal u Baru! Navijač udario Boutrajta pic.twitter.com/AUY6mgdu8y
— Bane (@Bumblb3e) November 2, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити подготвува уште еден трансфер, Нико Гонзалес од Порто
Манчестер сити не завршиле со активностите во зимскиот преоденр рок. На „Етихад“ пристигнаа тројва нови фудбалери, четвртиот би можел да биде Нико Гонзалес.
Нико Гонзалес е голема желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Сити смета дека тој би бил одлична замена за Родри.
Нико оваа сезона брилјира во дресот на Порто. Шпанецот е еден од лидерите на тимот, кој ги покрива сите позиции во средниот ред. Според месиумите челниците на Сити ги започнале преговорите.
Порто би сакал да го задржи до крајот на сезоната, но во овој случај клубот од Португалија најмалку се прашува.
Имено, Нико во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра. Ако Сити ја активира клаузулата, Порто нема да може да реагира.
Интересно доколку трансферот се случи, 40 отсто од сумата (24 милиони евра) ќе добие Барселона.
Нико Гонзалес (23) во 2023 година за сума од осум милиони евра од Барселона замина во Порто. Барселона тогаш задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.
Сити во овој преоден рок ги доведе Витор Реис, Омар Мармуш и Абдукодир Хусанов.
🚨🔵 EXCLUSIVE: Manchester City made formal approach with Porto to ask for Nico González as new midfielder.
Talks started, Porto hope to keep Nico and ask for important transfer fee or won’t leave.
❗️ Release clause worth €60m and key point, Barcelona have 40% sell-on clause. pic.twitter.com/QsNBnVNTBa
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 31, 2025
Спорт
Винисиус: Се надевам дека уште многу години ќе останам во Реал
Бразилскиот фудбалер и играч на Реал Мадрид за клупската телевизија изјави дека сака да остане во Реал Мадрид уште многу години, со што ги демантираше гласините за преселба во Саудиска Арабија.
Винисиус сакаше да ги демантира наводите на шпанските медиуми дека добил понуда од саудиски клуб.
„Најважно ми е да продолжам да пишувам историја овде. Се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години“, изјави 24-годишниот Бразилец.
Тој неодамна го постигна својот 100-ти гол за Реал, а со клубот освои две титули во Лигата на шампионите.
„Да се биде дел од историјата на клубот е многу тешко бидејќи пред мене имало толку многу играчи и легенди кои постигнале толку многу голови и освоиле толку многу титули. Да бидам во тоа друштво беше мојот сон“, додаде тој.
Спорт
(Видео) Џон Дуран не можеше да одбие пет пати поголема плата
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран, поранешен играч на Астон Вила, е новото засилување на Ал Наср, објави саудискиот клуб чии дрес го носат големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Новиот напаѓач на тимот од Ријад на грбот ќе ја носи „деветката“.
Дуран во Астон Вила пристигна од Чикаго Фајр за 18 милиони фунти (околу 21,5 милиони евра) во јануари 2023 година.
Оваа сезона, 21-годишниот фудбалер постигна 12 гола на 29 натпревари за Вила. На вкупно 78 натпревари постигна 20 гола, од кои само седум ги започна како стартер.
Клубот од Ријад, престолнината на Саудиска Арабија не штедеше за обештетувањето, на Астон Вила и плати 65 милиони фунти или околу 77.731.200 евра. Дуран во новито клуб ќе добива пет пати поголема плата.
Годишно во Вила заработваше 3,9 милиони евра, а во Ал Насар неговата плата ќе изнесува 20 милиони евра.
A number that carries history and glory at AlNassr 🌟
The iconic No. 9 is back! 🔥#DuránIsYellow pic.twitter.com/PTyvfllhTS— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 31, 2025