Црна хроника
Скопјани се обиделе да разменат фалсификат долари во Свети Николе

Кривична пријава заработија двајца скопјани, кои се обиделе да разменат 29 банкноти од по 100 фалсификувани долари во Свети Николе, соопшти полицијата.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Д.(22) и А.Н.(24), двајцата од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување пари“.
Пријавените во текот на април годинава на неутврден начин прибавиле 29 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 американски долари со намера истите да ги пуштат како вистински.
На 30-ти април во Свети Николе, при намерата фалсификуваните банкноти да ги протурат, биле откриени од страна на полициски службеници кои извршиле преглед на автомобил „опел корса“ и при извршениот преглед на лицата и возилото ги пронашле наведените банкноти.
Полициските службеници со потврда привремено им ги одзеле 29 банкноти, кои се предадени на вештачење при што е потврдено дека сите банкноти се фалсификувани.
Пријавените лица се приведени во полициска станица и со кривичната пријава се предадени на судија на претходна постапка и на истите им е одредена мерка куќен притвор во времетраење од 30 дена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.