Контакт

Надворешна политика

Јолевски – Вејонис: Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО и ЕУ

Објавено пред

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во понеделник и вторник е домаќин на својот колега од Латвија, Рејмондс Вејонис, а во рамките на денешниот состанок двете делегации остварија средба на која се дискутираше за продолжување и продлабочување на одличната соработката во одбраната. 

dobivaj vesti na viber

 

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички и геостратешки ссостојби во регионот, Европа и пошироко, интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, воспоставување соработка на полето на високото образование и обуките за воените лица, како и можноста за заедничко учество во мировни операции како во НАТО, така и во ЕУ мисиите.

 

За време на средбата Јолевски посочи дека денешниот состанок е само дополнителен импулс во натамошниот развој на билатералната соработка, особено на полето на одбраната меѓу двете земји. Тој во оваа прилика изрази благодарност до својот колега за поддршката која Латвија и ја дава на Македонија во остварувањето на нејзините аспирации за членство во НАТО и ЕУ и дополнително посочи дека Македонија е целосно посветена во остварување на овие цели и дека има огромна поддршка од граѓаните за членство во евроатлантското семејство и Европската унија.

 

Јолевски истакна дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични и дека е договорено да се продолжи со соработката во таа насока. Според Јолевски се разгледаа можности за воспоставување на соработка во областа на високото образование и во обуката на високите офицери. Министерот за одбрана на Македонија додаде дека преставници на АРМ учествуваа на командно штабните школи во Латвија што преставува голем придонес за Армијата.

 

Македонскиот министер порача дека за време на средбата помеѓу двете делегации се разговарало и за учество и користење на капацитети од страна на претставниците на Армијата на Република Латвија во Република Македонија како што се Регионалниот Центар за односи со јавност, Центарот за обука на пилоти и Воената академија во Скопје каде што идната година еден семестар ќе се предава на англиски јазик.

 

Јолевски додаде дека за време на средбата на својот колега му ги претставил аргументите во однос на прашањето зошто Македонија треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО.

 

„Интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ е добра за стабилноста и просперитетот не само на Македонија туку и на целиот регион и на овој дел од Европа“, рече Јолевски.

 

Министерот за одбрана на Латвија, Рејмондс Вејонис, во изјавата за медиумите најнапред го изрази своето сочуство за трагичните настани кои се случија во Република Македонија.

 

„За нас е многу важно да го одржуваме дијалогот и врските со нашите пријатели и партнери. Латвија отсекогаш ги поддржувала аспирациите на Македонија за зачленување во НАТО и ЕУ. Многу ми е мило што гледам дека сте постигнале многу во текот на овие години во поглед на одбраната и безбедноста како што гледам развојот на вашите вооружени сили и придонесот кон меѓународните операции и тесната соработка се многу важни фактори кон вашиот пат кон НАТО. Латвија е дефинитивно горда да ја нарече Македонија свој пријател“, изјави Вејонис.

 

Министерот Вејонис додаде дека Латвија која во моментов претседава со Советот на ЕУ ја подвлекува важноста од прием на нови членки кои ги споделуваат истите норми и вредности со нас и кои работат кон исполнување на неопходните критеируми за влез. „За нас е многу значајно да ја зацврстиме соработката со Македонија и во текот на средбата дискутиравме за начини и насоки со кои би се одвивала идната соработка“ – додаде Вејонис. 

 

Вејонис во својата изјава дополнително додаде дека еден од клучните фактори за понатамошен развој и за зачленување во НАТО е зголемувањето на Буџетот на одбраната, кој е еден од најважните фактори што има влијание за развој на Армијата т.е. инвестирањето во способностите на Армијата, развивањето на интероператибилноста со повеќе земји членки од НАТО.

 

На средбата помеѓу двете делегации присуствуваше и Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник, Горанчо Котески кој посочи дека Армијата на Република Македонија е во процес на трансформација и за време на овој процес се работи истовремено и на модернизација на Армијата. Овие процеси се значајни за подигнување на способноста на припадниците на АРМ како и интероперабилност со нашите партнери./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија6 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија7 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија8 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија8 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија8 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија8 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија9 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет10 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа10 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет10 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион10 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет11 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет22 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија1 ден

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија1 ден

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...