Црна хроника
Продолжува распитот на роднините на обвинетите во Монструм
Во Основниот суд 1 продолжи распитот на роднините на обвинетите во случајот Монструм, кои се предложени како сведоци на одбраната.
Братот на еден од обвинетите, Фејзи Азири тврдеше дека на денот кога се случи убиството биле заедно со брат му во фармата во Белимбегово и исто како и другите сведоци тврдеше дека Фејзи вечерта си заминал сам од фармата, бидејќи требало да однесe нешто кај негов пријател.
Судењето почна со еден и пол час задоцнување, а судот неколку часа го испрашуваше братот на Фејзи.
Судењето продолжува без првообвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои сè уште не се екстрадирани од Косово, кадешто се во притвор.
Македонското Министерство за правда, откако ги преведе, ги испрати документите за екстрадиција. Сега косовското Mинистерство за правда треба да одлучи дали двајцата обвинети ќе бидат испорачани во Македонија.
На 12-ти април минатата 2012 година без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски. Сé уште не се знае зошто момчињата и рибарот беа свирепо егзекутиран. Во обвинителниот акт единствено стои дека убијците имале цел да предизвикаат создавање на чувство на несигурност и страв кај граѓаните на Македонија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

