Црна хроника
Две млади лица тешко повредени откако со автомобил излетале од патот Миладиновци-Штип
Деветнаесетгодишен скопјанец вчера на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка за с.Преод, со автомобил „голф“ изгубил контрола и излетал надвор од патот.
Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, а сопатникот А.С.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром.
„Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија.
Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците“, велат од МВР.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.