Македонија
Ибраими: Во „Титаник 2“ ме судат зашто сум донел законска одлука
Поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, обвинет за случајот „Титаник 2“, на седница пред петтемина апелациски судии, рече дека му било ускратено правото да му се суди пред независен и непристрасен суд и побара судот да ја укине првостепената пресуда.
„Ме судат зашто сум донел законска одлука“, рече Ибраими и дополни дека првостепениот суд донел погрешни заклучоци, како тој дека основа за поништување на гласањето е фактот што немало вишок ливчиња во кутијата.
Ибраими направи паралела и кажа дека во јавноста биле објавени аудиоразговори меѓу актуелната министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и тогашниот вицепремиер во Владата на Никола Груевски, Фатмир Бесими, за гласање во ДИК.
„Годината е иста, изборите се исти. Кој беше сигурниот глас на СДСМ, тогаш?“, праша Ибраими, споредувајќи ги неговиот разговор и разговорот на Шекеринска и Бесими.
Обвинетиот кажа дека освен тој разговор со Тачи, имал уште два разговора, во кои, како што кажа, му рекол на лидерот на ДПА дека не може да гласа спротивно од неговото убедување.
„Овие два разговори се кријат“, рече Ибраими.
Kривичниот суд во Скопје во март годинава на Мијалков му пресуди три години затвор во овој предмет. Поранешниот директор на УБК беше осуден за примање награда за противзаконско влијание, бидејќи преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, побарал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласачко место во Струмица.
Лидерот на ДПА, Мндух Тачи, беше осуден на три години и два месеца затвор, Бедредин Ибраими доби четири години и шест месеци, а членовите на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Поради разведрувањето утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а дневната ќе бележи тенденција на благ пораст.

