Црна хроника
Македонски државјанин се самоубил во Тирана

Македонскиот државјанин Агим Емини (29) од Тетово го загуби животот во средата напладне во еден хотел во Тирана, а првичните информации говорат дека имал рани од огнено оружје.
Според албанските медиуми Емини , по мала расправија во хотелот, прво пукал во неговата девојка, инаку албанска државјанка Алма Сулче (21) од градот Чоровода, а потоа пукал во себе со истиот пиштол.Македонскиот државјанин по пукањето во себе се здобил со тешки повреди, а потоа на пат кон државната болница им подлегнал на повредите.Се очекува албанската полиција да излезе со официјално соопштение за самоубиството на македонскиот државјанин Агим Емини.Албанската државјанка, која е ранета во овој инцидент, се наоѓа вон животна опасност.Медиумите шпекулираат дека станува збор за љубомора на Емини околу неговата врска со албанската државјанка. /крај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.