Топ
Почина маж погоден од куршум за време на лов

Триесет и едногодишно лице од селото Богородица почина за време на лов на планината Кожуф.
МВР јави дека тој бил погоден од кушум од страна на Б .Ѓ. (52) од Гевгелија и починал на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош од Гевгелија.
„Б. Ѓ. бил приведен во полициската станица, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција“, информираат од полицијата.
По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред објектите на ловиштето кон ресторанот Козјак. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Анеглов, изјави дека пред неколку дена патот бил внимателно исчистен од вегетација со блудожер и сега претставува појас кој спречува ширење на огнот.
„Се води жестока битка со огнот, но надлежните служби не дозволија пожарот да се префрли на спротивната страна. Денес продолжува оперативната акција, со чистење на гребенот до езерото за да се стопира ширењето на огнот. Истовремено се дејствува и од воздух“, изјави Ангелов.
Како што додаде, покрај овој пожар, има уште неколку, но тие се безопасни во споредба со она што се случува во Јасен. Ангелов најави повеќе информации околу 13 часот.
Македонија
Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал при Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се пријавени 1.916 возила, иако институциите располагаат со околу 6.500 возила.
Податоците за бројот, марката, годината на производство, регистарскиот број и возната состојба требаше да се достават најдоцна до 18 август. Доколку правните лица не ги поднесат информациите навремено, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот.
Евидентирањето на возилата има за цел да спречи нивна употреба за потребите на изборните кампањи. Владата донесе одлука сите службени возила да добијат специјални црвени таблички најдоцна до 15 септември, а ќе се воведе и специјален регистар за нивно следење.
Свет
Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено сакала да го заштити рускиот народ.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека никогаш не рековме дека треба да заземеме некои територии. Ниту Крим, ниту Донбас, ниту Новорусија (така Русите низ историјата нарекувале делови од денешните Одеска, Херсонска, Николаевска, Днипропетровска, Запорожска, Луганска и Доњецка област, а понекогаш и Крим) како територии никогаш не биле наша цел“, изјави Лавров во интервју за руската државна телевизија.
Лавров тврди дека Москва „секогаш сакала да го заштити рускиот народ кој стотици години живеел на овие територии“. Рече дека Украина за време на претседателството на Володимир Зеленски донела закони чија цел била уништување на правата на говорниците на рускиот јазик.
Изјавата доаѓа во време на засилени дипломатски активности. На 15 август се одржаа разговори помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери во Вашингтон на 18 август, Трамп изрази надеж за што побрзо организирање на американско-украинско-руски разговори.
Зеленски потврди дека се подготвуваат состаноци со Путин, по што би можел да следи и трипартитен состанок со Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува Зеленски и Путин да се сретнат во наредните две недели, а агенцијата „Ројтерс“ јавува дека американската администрација смета дека состанокот би можел да се одржи во Унгарија.