Црна хроника
Срби киднапирале младо момче од кумановско

Двајца Срби киднапирале младо момче од Ваксинце, кумановско, а додека го возеле низ селото го тепале, соопшти полицијата.
Имено, 31-годишниот Д.М. и 26-годишниот О.Х. двајцата српски државјани, завчера го лишиле од слобода 16-годишниот Ф.Д. од кумановско Ваксинце.
Тие го повикале во нивниот автомобил, а потоа го возеле низ селото и го удирале по целото тело.
Младиот кумановец некако успеал да ја отвори вратата и да побегне.
Србите добија кривична пријава од кумановската полиција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се тепале две жени во кочанското село Мородвис

Вчера околу 13 часот во ОВР Кочани било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во село Мородвис, откако дошло до физичка пресметка меѓу две жителки на селото.
Како што информира МВР, по претходна расправија дошло до конфликт помеѓу Л.П. (56) и Т.С. (74), при што постарата жена употребила тврд предмет.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен под.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Дебар

Вчера околу 12:50 часот на улицата „Иса Болетини“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 19-годишен мотоциклист, информираа од ОВР Дебар.
Во несреќата учествувале патничко возило од марката „Опел Астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од селото Горно Косоврасти, и мопед со исто така дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т. (19) од Дебар.
Од ударот, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Дебар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Дебар, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.
Црна хроника
Со фалсификувана возачка дозвола сакал да помине на Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на граничниот премин Табановце.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.