Спорт
Тотенхем се жалеше за црвениот картон на Сон

Тотенхем поднесе официјална жалба на одлуката Хјунг-мин Сон да биде суспендиран на три натпревари поради црвениот картон што го доби за стартот врз Андре Гомеш.
Португалецот по лизгачкиот старт на Сон ја скрши ногата.
Повредата на Гомеш е ужасна, но факт е дека на неа не влијаеше само Сон. Кореецот доби жолт картон првично, бидејќи стартот и беше за жолт, а судијата ја смени одлуката откако виде во каква состојба се наоѓа Гомеш.
За повредата на играчот на Евртон влијание има Серж Орие, кој налета на Португалецот.
Тотенхем се жалеше на црвениот картон, иако претходно Премиер лигата образложи зошто играчот на Тотенхем бил исклучен.
„Сон доби црвен картон бидејќи ја загрози безбедноста на играчот“, соопштија од Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија.
Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција.
Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим.
Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја.
Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон.
Спорт
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4.
Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад.
Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол.
Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја.
Спорт
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај

Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција.
Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора.
Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос.
Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната.
Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима.
Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
— 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025