Спорт
Повлечен црвениот картон на Сон за стартот по кој Гомеш остана со скршена нога
Црвениот картон, што Сон Хеунг-Мин го доби за стартот на Андре Гомеш по кој фудбалерот на Евертон доби страшна фрактура на ногата, е повлечен од страна на Фудбалската асоцијација (ФА).
Судијата Мартин Еткинсон првин му покажа жолт картон на Сон пред да ја смени одлуката кога ја виде повредата на Португалецот. Независната комисија на англиската ФА го повлече картонот кога ТВ-снимките покажаа дека Гомеш ја доби повредата по стартот на корејскиот напаѓач на Тотенхем и пред судирот со Серж Орие.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, тврдеше дека Сон немал намера да го повреди Гомеш и сметаше дека требаше да се искористи ВАР-системот во текот на мечот.
Гомеш е пуштен од болница по операцијата на десниот зглоб и првите прогнози велат дека ќе има целосно закрепнување.
Евертон до реми со Тотенхем по хорор-повредата на Андре Гомеш (вознемирувачко видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лестер се враќа во Премиер лигата
Фудбалерите на Лестер се вратија во Премиер лига. „Лисиците“ во елитата ги врати поразот на нивниот конкурент Лидс кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Лестер со 94 бода и до крајот треба да одигра уште два натпревари, додека Лидс има 90 бода и уште еден натпревар до крајот на сезоната. Ма третото место се наоѓа Ипсвиќ со 89 поени и до крајот на сезоната треба да одигра уште ри натпревари.
За Лестер е најважно што обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваа директно место во Премиер лигата.
По поразот од Квинс Парк Ренџерс, второто место, кое гарантира директен влез во Премиер лигата, опасно му виси на Лидс, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално беше шампион на Англија.
Спорт
(Видео) Дончиќ на натпреварот дојде во спектакуларен автомобил
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над ЛА Клиперс 101-90, а вниманитетот го привлече пред натпреварот со розово-виолетовиот Шевролет.
Дончиќ мечот со Клиперс го заврши со 22 поени, десет скока и девет асистенции.
Шевролетот е дел од кампањата за патики „Luka 3“, под покровителство на најдобриот кошаркар во историјата Мајкл. Јордан.
Luka Doncic arrived in a “Midnight Racer” wrapped ’68 Camaro — inspired by the next colorway of his Jordan Luka 3s pic.twitter.com/E5CaGZHAEV
— Nick DePaula (@NickDePaula) April 26, 2024
Спорт
(Видео) Дончиќ ги реши Клиперси, Милвоки немоќни беа Јанис, Минесота го растури Феникс
Далас и Индијана поведоа во четвртфиналните серии против ЛА Клиперс односно Милвоки со 2-1, а Минесота ја забележа и третата победа во дуелот со Феникс во плеј-офот.
Далас славеше пред своите навивачи против Лос Анџелес Клиперс со 101:90. Како и обично, Дончиќ беше најдобар во својот тим, со 22 поени, имаше десет скока и девет асистенции.
Го следеа Ирвинг со 21 поен, Лајвли со 13 и Џонс со 11 поени. На другата страна Харден и Пауел беа подобри од останатите со 21 поен, Хрватот Ивица Зубац имаше учинок од 19 поени, осум скока и една асистенција.
Доколку нема сензационален исход, Денвер и Минесота ќе играат во четвртфиналето на Западната конференција.
Минесота го оствари третиот триумф против Феникс на гостински терен, убедливо со 126:109.
Едвардс беше одличен со 36 поени, девет скока и пет асистенции, поддршка имаше во Гобер кој постигна 19 поени и 14 скока, и Таунс со 18 поени и 13 скока. На другата страна се истакнаа Бил со 28, Дурент со 24 и Букер со 23 поени.
Индијана извојува голема победа по продолжение против Милвоки со 121:118. Блескаше Мидлтон со 42 поени и десет скока, Лилард со 28, Портис со 17 поени и 18 скока, но сепак победата ја однесе Индијана во чии редови се истакнаа Тарнер со 29 и Халибертон, кој забележа трипл-дабл, 18 поени скокови и 16 асистенции.