Регион
Хрват со чаеви лекувал Словенка која имала рак, ѝ зел 22 илјади евра, а таа починала
Со месеци се чека почеток на судењето на 61-годишниот Фрањо Келеминовиќ, хрватски надрилекар, бидејќи словенечкиот суд има проблеми со добивање документи од Украина.
Според обвинителството од Нова Горица, Келеминовиќ е обвинет дека повеќе од 10 години непријавено и незаконски вршел медицинска пракса на подрачјето на Словенија.
Во обвинението се наведува дека на сега починатата Ава Џурк, директорка на основно училиште, ѝ наплатил 22.000 евра за лекување со чаеви и билки.
„За големи пари ѝ продаваше обични чаеви и билни мешавини од нашите аптеки. Рече дека се работи за многу ретки и многу тешко достапни лековити билки“, рекол извор близок до истрагата, пишува „Словенске новине“.
Келеминовиќ на јавноста ѝ е познат по лекувањето на тумор на поранешниот словенечки претседател Јанез Дрновшек, а се фалел дека им помогнал на Борис Елцин, Кастро, познати спортисти и 17 кардинали од Ватикан.
Токму поради тоа 25-годишната Ава Цурк, која боледувала од рак на желудникот, во 2013 година побарала помош од него. Тогаш онколозите ѝ советувале да прими хемотерапија бидејќи туморот метастазирал, но истовремено ја предупредиле дека шансата да преживее ѝ е многу мала.
Келеминовиќ ја уверувал дека тој може да ѝ помогне и дека таа со негова терапија ќе оздрави. Ѝ препишал строга диета, чаеви, сода бикарбона и клистири. Нејзиното семејство тогаш му платило на Келеминовиќ 12.500 евра за овој третман.
Една недела пред нејзината смрт, ја советувал Ава на уште една терапија. Но, зошто повеќе немала пари, подигнала кредит и му платила уште 10 илјади евра, по што ѝ дал лекови. Починала неколку дена подоцна.
Судењето е во застој бидејќи се чека потврда од украниски факултет дали Келеминовиќ навистина дипломирал таму, со оглед дека доставил само фотокопија од дипломата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трамп го покани хрватскиот премиер Пленковиќ во „Мировниот одбор“
Американскиот претседател Доналд Трамп го покани хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во „Мировниот одбор“, објави Индекс.хр.
Според она што е познато досега, поканата ја примиле европски лидери како што се Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. Покана од регионот, како што потврди вчера словенечката влада, стигна и до словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Хрватската влада сè уште не одговорила на Белата куќа. „Ќе ја разгледаме поканата“, рекле од Владата за Индекс.хр.
Телото што Трамп го нарече „Мировен одбор“ првично беше создадено за да ја надгледува реконструкцијата на Појасот Газа.
Но, нацрт – повелбата открива иницијатива и мандат што оди многу подалеку од прашањето за палестинската територија и се однесува на придонесот кон решавањето на вооружените конфликти низ целиот свет. Затоа, се чини дека е замена за Обединетите нации.
Земјите што аплицираат за постојано место во телото ќе мора да платат „над 1 милијарда долари во готово“, според „повелбата“ што ја виде АФП, која исто така му дава на Трамп широки овластувања.
Многу странски лидери, вклучувајќи го и претходно споменатиот руски претседател Владимир Путин, добија покани да се приклучат на новото тело на Трамп, кое би го предводел претседателот на САД. Сепак, тие сè уште не кажаа дали ќе ја прифатат поканата.
фото/Depositphotos
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа

