Контакт

Европа

Украинските граничари почнаа преглед на рускиот хуманитарен конвој

Објавено пред

Украинските граничари во четвртокот започнале со преглед на првите пет камиони од рускиот хуманитарен конвој наменет за цивилното население во југоисточните региони на Украина каде што четврти месец се водат жестоки борби меѓу силите лојални на Киев и проруските бунтовници.
 

dobivaj vesti na viber

Украинските граничари во четвртокот започнале со преглед на првите пет камиони од рускиот хуманитарен конвој наменет за цивилното население во југоисточните региони на Украина каде што четврти месец се водат жестоки борби меѓу силите лојални на Киев и проруските бунтовници.

 

„Можам да потврдам дека украинската страна започна со граничната процедура во врска со хуманитарниот конвој“, изјавил за Reuters портпаролот на украинската царинска служба Андриј Демченко. На прашањето на чија територија се наоѓа хуманитарниот конвој, одговорил „На рускиот граничен премин“.

Според агенцијата Итар-Тасс, хуманитарната помош ќе ја мине на границата најрано во шест часот наутро во петокот.

Украинските власти во Киев одолговлекуваа со прегледувањето на конвојот кој веќе осми ден чека на границата, прво оправдувајќи се со тоа дека наводно Русија всушност преку него сака да изврши инвазија на руската територија, па потоа следуваше прецизирање на тоа како ќе биде пренесуван и распределен товарот, и на крајот дека нема безбедносни гаранции за конвојот кога ќе минува низ териториите што ги контролираат проруските бунтовници.

Во четвртокот заменикот министер за одбрана на Руската Федерација, Анатолиј Антонов, повторно ги демантираше шпекулациите во украинските медиуми дека Москва под превезот на хуманитарната помош всушност сака да ги вооружи бунтовници. Тој на средбата со директорот за оперативни операции на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и Централна Азија, Лоран Корбој, истакнал дека украинската страна бара изговори за попречување на доставувањето на хуманитарната помош до населението на коешто му е неопходно итно потребна.

Во конвојот од 287-те камиони, според спецификацијата што ја објави руската страна, има 400 тони житарки, 100 тони шеќер, 62 тони храна за бебиња, 54 тони медицинска опрема и лекови, 12 илјади вреќи за спиење и 69 генератори со различни капацитети е наменет за близу 400 илјади жители од регионот на Луганск кои повеќе од три седмици се без електрична енергија, вода за пиење, лекови а резервите за храна се речиси истрошени./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина

Објавено пред

Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.

Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.

Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.

Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.

Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруските спортисти одат на Олимписките игри, Лукашенко: Победете ги противниците

Објавено пред

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им порача на белоруските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз под неутрален статус „да ги победат своите противници“.

dobivaj vesti na viber

„Ако сте избрале и одите таму под неутрален статус, истепајте ги, покажете им дека сте вистински Белоруси“, рече Лукашенко во соопштението за печатот на претседателството.

За време на посетата на регионот Могилев во Белорусија, жителите го прашале Александар Лукашенко што мисли за ова учество под неутрален статус, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на белоруското претседателство.

„Спортистот треба да избере. Доколку одлучи да учествува на Олимписките игри, ќе биде уште пожесток. Затоа што разбирате дека состојбата на умот и гневот не се од мала важност во спортот“, реагира Лукашенко. „Вие сте Белорусија и кога ќе излезете како победници, тоа е добар начин политички да ги удрите во лице“.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги искорени сите форми на опозиција во неговата земја, потиснувајќи мирно масовно движење во 2020 година. Тој е навикнат и на широки изјави и испади, како на пример кога парадираше со калашников во раката пред демонстрантите кои се противат на неговото владеење, нарекувајќи ги „стаорци“. Во февруари 2022 година, тој ја отвори Белорусија за руската армија за да може да ја нападне Украина од север.

Белорусија беше исклучена како земја од Игрите поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина, а нејзините спортисти се натпреваруваат под неутрален статус, без химна, знаме или национални обележја.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полицијата го бркаше убиецот со меч низ Лондон, објавена е снимка

Објавено пред

Би-би-си објави снимка на која се гледа лондонската полиција која го брка напаѓачот со нож, кој денеска уби 13-годишно момче и повреди неколку други.

dobivaj vesti na viber

На снимката се слушаат полицајците како им викаат на граѓаните: „Заклучете ги вратите“.

Полицијата смета дека не се работи за терористички напад.

Полицајците уапсија маж вооружен со меч по извештаите за сериозен инцидент со прободување во североисточен Лондон.

Со електрошокер бил совладан 36-годишниот маж кој мавтал со меч.

„Со голема тага можам да потврдам дека 13-годишното момче кое беше избодено, почина во болница набргу откако му биле нанесени убодите“, изјави началникот на лондонската полиција Стјуарт Бел.

Уште две лица и двајца полицајци се во болница поради убодни рани и се надвор од животна опасност.

„Не мислиме дека постои закана за пошироката заедница, полицијата не бара други осомничени и се чини дека овој инцидент не е поврзан со тероризам“, рече Бел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија54 минути

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет4 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија5 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија7 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија8 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија8 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија9 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија10 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија11 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија11 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија11 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет12 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет12 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет12 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија13 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија1 ден

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...