Скопје
Почна фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2016“
Во четврток вечер, на Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“ почна годинешното издание на Фестивалот на креативни индустрии – „Скопје креатива“ кој ќе трае до сабота.
Ценејќи ги позитивните искуства од минатогодишното издание на фестивалот Скопје Креатива, и годинешното фестивалско издание се одржува во Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“, преобразувајќи го повторно просторот во креативно и уникатно уметничко катче, кое во следните денови на публиката и креативниот сектор од Скопје и Македонија ќе им понуди над 60 настани во вид на изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми, дебати и богата музичката програма.Градот Скопје во својата програмска определба во последните пет години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, меѓу кои, секако, големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива“. Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град, Градот Скопје во соработка со претставниците на креативната и уметничката заедница ќе продолжи да ја остварува целта што, а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор. „Скопје креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен центар„ Александар Македонски“ – Скопје и претставува уникатен настан кој позитивно влијае врз развој на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.Под мотото „Поврзиме со креативност“ во претстојните три фестивалски денови ќе посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите и искуствата на реномираните гости од Европа – Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева …македонските дизајнери и уметници, Доминиум, Лудус, Нина Нинеска… ФДУ, Архитектонски факултет, Европски факултет, Универзитетот Аристотел од Солун, Американ колеџ, Факултетот за архитектура и технолошки развој од Приштина и др. Исто тка, посетителите ќе можат да учествуваат на настаните од програмата: филмски проекции, видеоперформанси, изложби, презентации, стручни работилници… Оваа година на Скопје Креатива 2016, учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. За прв пат ќе учестуваат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот. Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и нашите музички гости – групата ТИ (Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на Диџеј Адо и Диџеј Шурбе, задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2016 година, издвои средства во висина од 2.500.000 денариОвој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар.
Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот.
По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд, извести Општината.

„Редот се спроведува доследно и без исклучоци. Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и зелените површини ни се приоритет“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар ги повикува граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

