Топ
Кумановец загина во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Велес
Триесет и шестгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“.
Според информациите на полицијата, Д.Б.(36) од Куманово, со автомобил „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, тој починал на местото на несреќата.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Mладо момче со автомобилот излета на патот кон Средно Водно, тешко е повредено
Дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали М.П., синоќа по 1 часот по полноќ, со автомобилот излетал од локалниот пат за Средно Водно.
Од МВР инфомираа дека во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, и е хоспитализирано на Комплексот клиники.
Изврешен е увид.
Свет
Брод полн со туристи потона во Египет
Во раните утрински часови потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море.
„Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот.
Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
#BREAKING 🇪🇬Thirty-one tourists are missing after the boat Sea Story sank near Marsa Alam, an Egyptian Red Sea resort.
The vessel, carrying 31 tourists of various nationalities and 14 crew members, sent a distress signal around 5:30 am during a scuba diving trip. Departing from… pic.twitter.com/mex8RtqvIN
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) November 25, 2024
Египетската морнарица мобилизираше хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.
Контролниот центар ги алармирал различните власти, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување започнале големи спасувачки операции.
Македонија
Сменетата изјава на Кешишев нема доказна вредност, рече обвинителката, која тврди дека имаат материјални докази оти Палевски стои зад убиствата
Обвинителството има материјални докази дека Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиствата на Вања и Панче, изјави обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска пред денешното рочиште.
„По вербалните докази, ќе бидат изведени сите материјалните докази. Обвинителството смета дека од сите докази произлегува основаноста на обвинението“, рече Стојковиќ-Димитровска.
Нагласи и дека промената на исказот на обвинетиот Влатко Кешишев нема никаква доказна вредност. Тој претходно достави нова изјава, во која наведува дека Палчо не бил на местото на убиствата.
„Изјавата на обвинетиот Кешишев во оваа фаза на постапката нема доказна вредност затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе имаат право да дадат своја одбрана, свој исказ, кој ќе подлежи на прашања од двете страни – Обвинителството и одбраната, и ќе се разјаснат сите околности“, рече обвинителката.
Обвинителките првпат дадоа изјава за јавноста од почетокот на судењето.