Македонија
(Видео) Костадинова: Најодговорен за еколошката катастрофа во „Охис“ е Заев
Најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје, со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата, е премиерот Зоран Заев. Никој не знае какви последици ќе остави хаваријата во „Охис“ по здравјето на граѓаните, изјави Даниела Костадинова, советник во општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Жителите на Кисела Вода, барем оние кои имаа каде да заминат, ги напуштија своите домови. Отидоа кај роднини или пријатели само да се заштитат себе си и своите најблиски. Човекот кој не пропушта шанса да се фотографира и појави пред медиумите, Зоран Заев го нема никаде. Тој е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата. Додека граѓаните беа во паника, никаде го немаше ниту Макрадули, ниту градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски“, рече таа.
Според неа, јавноста мора да добие одговор дали фирмата која е овластена да го менаџира токсичниот отпад има лиценца за управување со токсичен отпад и отрови и доколку нема дали воопшто некој од власта и вршел контрола?
„Одговор мора да има и на прашањето дали стечајниот управник и судијата потпишале договор уште во февруари за дислокација на дел од опасните супстанци како што се течниот хлор и метил акрилат, но досега ништо не е преземено иако парите се исплатени“, рече Костадинова.
Таа прашува дали во Владата се свесни дека доколку се случи хаварија со само еден канистер со 30 литри хлор истечен, ќе треба да се евакуира цело Скопје, а целата количина од 15-тина тони може да контаминира 1/3 од Македонија?
Костадинова кажа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ уште вчера побарале вонредна седница на Советот на Кисела Вода.
„Уште вчера кога по медиумите видовме што се случува во нашата општина, побаравме вонредна седница. Но тоа не ни беше овозможено, значи останаа глуви на нашето барање. Ние сакаме како советничка група да бидеме информирани за она што се случува во нашата општина, имаат право жителите на општината, а воедно и на околната општина Аеродром бидејќи и таму се почувствува непријатниот мирис, да знаат што се случува кај нив и каква опасност има. И воедно ако треба некои безбедносни мерки, населението да се евакуира“, рече Костадинова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар.
„Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички за сопствениците. Ова е одлично решение Едноставно, урбано и еколошки одговорно. Планираме да поставиме 200 вакви канти низ сите населби и паркови, за да обезбедиме чист и уреден јавен простор, каков што доликува на општина каква што е Центар“, рече Герасимовски.
Тој, информираше дека во следниот мандат се оди чекор понатаму, со вакцинација и микрочипирање на уличните кучиња и домашните миленици, со што хумано и системски се решава овој сериозен проблем создавајќи безбедна и здрава средина.
Македонија
Единствена Македонија ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори
Членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, Вилијам Михајловски, на денешната прес-конференција најави дека партијата ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори, што ќе се одржат во недела, на 2 ноември.
„Со големо задоволство соопштувам дека Единствена Македонија одлучи во недела, во вториот круг, да ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А што може да се очекува од една национална и патриотска партија како што е Единствена Македонија, која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските национални интереси“, изјави Михајловски.
Тој истакна дека оваа одлука доаѓа по, како што рече, целосна медиумска блокада и исклучување на нивната партија од државното финансирање во првиот круг, но и дека Единствена Македонија не може да стои на страна во моментите кога, според него, се решава иднината на државата. Потсети дека партијата настапила самостојно со 29 кандидатски листи, но резултатот во првиот круг не бил на нивото што го посакувале.
Во обраќањето, Михајловски се повика на потребата од национално помирување и обединување, нагласувајќи дека изборите не се борба за поединци и партии, туку за државата.
Македонија
Почна поставувањето семафори на крстосницата кај „Васко Карангелевски“ во Аеродром
Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром.
„Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долгоочекуваната согласност од Министерството за внатрешни работи“, велат од „Улици и патишта“.
Во оваа фаза се врши рачен и машински ископ на земјан материјал за поставување темели на семафорски столбови и ископи за спроведување на електричната инсталација. По завршувањето на градежните работи, ќе следува монтажа на семафорската опрема и сигнализација.
Со поставувањето на новата семафоризирана крстосница, ќе се подобри проточноста на сообраќајот и значително ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот во овој дел од градот.

