Регион
Бугарија пред изборите: Со продажба на гласови до преживување

Принудена да го преживува целиот месец со плата од 340 левови (близу 170 евра), Маја Иванова е повеќе подготвена да го продаде својот глас на бугарските предвремени парламентарни извори кои ќе се одржат во неделата, пишува AFP во својата репортажа посветена на најсиромашната членка на Европската унија.
Принудена да го преживува целиот месец со плата од 340 левови (близу 170 евра), Маја Иванова е повеќе подготвена да го продаде својот глас на бугарските предвремени парламентарни извори кои ќе се одржат во неделата, пишува AFP во својата репортажа посветена на најсиромашната членка на Европската унија.
„Кој би одбил 50 лева, денеска кога бедата е толку страшна. Ма, да ми понудат и 20 би прифатлива“, вели 51-годишната Ромка во рударското место Бобов Дол која ја цитира агенцијата.
„Но на нас Ромите ни даваат само парче месо и две кришки леб. Организаторите се тие кои добиваат пари“, додава Иванова зборувајќи за традиционалното купување гласови за изборите на 5-ти октомври.
Според многуте истражувања, вклучително и владините, продажбата на гласови за пари, храна и огрев се вообичаена практика во најсиромашната земја во Европската унија, четвртина век по падот на комунизмот. А со тоа во пакет оди и заплашувањето, пишува Reuters.
Просечната месечна плата изнесува околу 400 евра, а секое петто домаќинство живее под прагот на сиромаштијата. Во неодамнешната анкета, 69 од испитаниците одговориле дека ситуацијата им е „неподнослива“.
„Луѓето не ги продаваат своите гласови од забава, тие навистина се притиснат до ѕидот“, вели Антони Галабов, од здружението за борба против корупцијата Transparency International.
„Во ромските гета, луѓето масовно зависат од локалните лихвари на кои никогаш докрај не успеваат да им го исплатат долгот. Партиите често ги контактираат за да си осигурат одреден број гласови“, појаснува Вања Нушева од Институтот за регионални и меѓународни студии (ИРИС). Институтот во својот извештај предупредува дека партиите сметаат на тие гласови и доколку некој се оглуши на тие упатства, без разлика да сли станува збор за некој кварт или фирми, бива казнет. „Фирмите добиваат санкции, на луѓето им се упатуваат закани или биваат претепувани“, се наведува во извештајот.
Повеќето луѓе кои биле изложени на вакви притисоци одбиваат да сведочат пред судот, па рацете на истражните органи се врзани, се пожали заменикот главен државен обвинител Борислав Сарафов. За продажба или купување на гласовите за Бобов Дол никој досега не е обвинет. А случајот беше јасен. Пред изборите за Европскиот парламент во мај годинава, со скриена камера на бугарската телевизија Нова снимено е како управителите им зборуваат на рударите за кого да гласаат, доколку сакаат ада го сочуваат работното место.
„Така е секогаш пред изборите.. вообичаено мамење“, вели еден од рударите, 40-годишен татко на четири деца кој од разбирлив причини во интервјуто сака да остане анонимен. Иако палтата не му се исплаќа нередовно, и ретко во целост, па храната ја купува на долг, тврди дека тој не го продава својот глас. „Секогаш истата приказна, на нашите мажи и синови на работа им велат за кого целото семејство треба да гласа“, вели во репортажата на AFP една жена интервјуирана на локалниот пазар.
Бугарската влада, која е под постојан мониторинг на Брисел поради извештаите за корупцијата во земјата, е свесна за проблемите. „Тоа не секогаш е прашање на парите“, вели секретар во министерство за внатрешни работи Румен Богоев. „Управителите, менаџерите, честопати се под притисок или уцена на политичките партии кои им говорат како нивните вработени треба да гласаат доколку и натаму сакаат да работат“.
Бугарија презема во меѓувреме превентивни мерки за справување со појавата на купување гласови. Околу илјада наводни организатори на продажбата на гласовите се под полициски надзор, а партиите пред овие избори беа принудени на изборните плакати и памфлети да го стават предупредувањето дека „продажбата на класовите е незаконска“. Дали оваа мерка ќе даде резултат, според аналитичарите, е далеку од сигурно./крај/мф/сн
Извор: AFP/Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дете се удави во базен во Загреб

Вчера во објект за изнајмување со базен, се удави дете, соопшти загрепската полиција.
Надлежните соопштија дека на детето му била укажана медицинска помош на местото на настанот а потоа и во Клиничкиот болнички центар во Загреб, каде што починало.
„За да се избегнат трагични настани и да се зголеми безбедноста на пливачите, ги потсетуваме граѓаните да користат добро одржувани места за пливање кои се под надзор на професионални служби.
Сакаме да ги предупредиме пливачите за потенцијалните опасности и да дадеме совети за тоа како да се однесуваат во местата за пливање. Затоа, за да избегнеме трагични сценарија, советуваме и предупредуваме:
не пливајте најмалку еден час по оброк – една од најчестите грешки што многумина од нас ги прават е влегувањето во вода по оброк,
не пливајте ако сте консумирале алкохол – консумирањето алкохол е еден од главните фактори на ризик за давење, како кај младите, така и кај возрасните,
една од вообичаените грешки што многумина од нас ги прават е тоа што по долг престој на сонце, влегуваме во водата за да се освежиме и разладиме. Секогаш треба постепено да влегувате во водата, давајќи му шанса на вашето тело да се подготви и да се адаптира, без разлика колку е топло морето или друга водена површина. Во спротивно, телото ќе доживее шок,
не скокајте во вода со непозната длабочина – можни се сериозни повреди,
ако не сте целосно здрави, не пливајте на затскриени места, а доколку страдате од некои хронични и сериозни болести, избегнувајте пливање на затскриени и небезбедни места; бидете во близина на луѓе, за да можат да ви помогнат доколку е потребно,
ако имате деца, постојано внимавајте на нив – родителите никогаш не треба целосно да се опуштат, дури ни кога пливаат; децата треба да бидат под постојан надзор и да се осигурат за нивната безбедност; меѓу луѓе и во толпи, децата лесно се губат, исто како што лесно можат да се удават во плитка вода; исто така, никогаш не сметајте на постаро дете само да се грижи за помлад брат или сестра; безбедноста на детето е ваша одговорност, надгледувајте ги вашите деца, дури и ако знаат да пливаат,
запомнете дека пливањето во свежа вода е понапорно од пливањето во море (грижете се за ова) и водата често може да биде поматна, па затоа децата потешко ја перцепираат длабочината,
непливачите или послабите пливачи дефинитивно треба да користат помагала за пливање,
избегнувајте пливање сами,
пливајте во близина на спасувачи и следете ги упатствата и знаците на спасувачите
доколку се појават проблеми, останете смирени, доколку забележите некого во неволја во водата, веднаш пружете или побарајте помош и јавете се на надлежните служби.
Реките се најопасни бидејќи течат, често имаат вртлози, потоа се сечат и често го менуваат текот.
Езерото има ненадејни промени во длабочината и температурата, односно температурата во езерото е потопла на површината и постудена на длабочина. Голем проблем за пливачите понекогаш е вегетацијата во која се заплеткуваат, а поради паниката што може да се појави, можат да се удават“, објави полицијата.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.