Македонија
(Видео) Георгиевски: Со одговорни и чесни политики ги враќаме долговите

Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владината помош очекуваме општината наскоро да стане солвентна, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“
Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, кој 12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.
„Со делбениот биланс на претпријатието „Проаква“, јавното државно претпријатие „Колекторски систем“, го презеде долгот и очекуваме општината конечно да биде одблокирана напролет 2020“, Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, следното зголемување ќе се случи во март“, велат од Влен

„Владата што произлезе од волјата на граѓаните, секој ден докажува дека промената не е слоган, туку реалност која се допира. На вчерашната владина седница беше одобрен предлогот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, фундаментална одлука за подобрување на условите за живот на нашите пензионери“, велат од „Влен“.
„По многу години неисполнети ветувања, конечно имаме влада која дејствува. За само 1 година од нашето владеење, пензиите се зголемија за 5.000 денари, помагајќи им на над 340.000 граѓани. Со новите измени, од септември пензиите ќе се зголемат за над 1.000 денари, додека следното зголемување од 1.000 денари ќе се случи во март следната година.
Ова не е пропаганда, туку политика со визија и одговорност. Бидејќи за ВЛЕН, пензионерите не се алатки за гласови, туку столбови на општествено достоинство. ДУИ ги користеше старите лица 20 години за фотографии и празни ветувања. Ние им оддаваме почит со акција!
Тие си играа со чувствителноста на оваа категорија. ВЛЕН си игра со картата на посветеност, за секој пензионер што се жртвувал за оваа земја. Ова е влада што дава резултати“, соопштува „Влен“.
Македонија
(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума, извести дикреторот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој апелира до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.
Македонија
Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Бриселска, општина Карпош;
– во периодот од 09.35 до 12.00 часот, корисниците од улиците Студеничанска и Драчевска, како и корисниците од реонот кој гравитира кон улицата Јустинијан Први, општина Кисела Вода.